7.8 C
Скопје
21:12 - 31 март, 2026

(Фото) „Градинар се станува од љубов, а не поради помодарство“: Светлана Стојановска има двор од бајките во Богомила

Светлана Стојановска по професија е дипломиран правник, работи во Македонски железници АД Транспорт, живее во Скопје, во стан, а желбата за двор и за цвеќиња ѝ е од младоста.

Сепак, оазата на мирот – како што вели госпоѓа Светлана – е лоцирана во Богомила каде што семејството има викендичка.

Дворот располага со 370 м2 , за уредувањето на дворот е одговорна лично таа, додека нејзиниот сопруг ѝ помага околу косењето на трева.

– Сè останато е мој личен труд на кој сум горда и не жалам за времето кое го поминувам во мојот двор, негувајќи ги дрвцата и цвеќињата. Тоа го правам со многу труд и голема посветеност – ни открива Светлана.

Од дрвца има пон пом, туја смаргад, коника, јапонски јавор, ацер палматум Десхојо, ацер палматум Атропурпуреум …од цвеќиња пак, цела лепеза на убавици – од стеблести рози до рози цаевки, рози полианти, рузмарин, мочварен хибискус, орхидеи, пустинска роза, перени, турски каранфил, газанија, цинерарија, хортензии, родондендрон, азалеа, розов пампас, клематис, украсна трева, мини рози, индијски јоргован…, а од грмушки – ваигела и ред берберис.

Човек не може ни да ги доброи сите врсти, а како ли тогаш да ја опише со зборови целата убавина!

– Цел викенд го поминувам во дворот за да им надоместам за деновите кога не сум таму – ни вели Светлана.

Смета дека за под сонце најдобро е да се одгледуваат перени и рози, додека за сенковити места идеални би биле хортензија, хоста, клематис, азалалеа.

– Секогаш сакам дворот да ми е среден по цена да работам 24/7, растенијата да бидат навреме наводнети и прихранети за да ми возвратат со својата убавина – низ насмевка ни вели оваа цветна дама.

Совет од Светлана за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе?

Едноставен и корисен. „Градинар се станува од љубов, а не поради помодарство или со сила“.

– Значи цвеќињата се исто како луѓето и милениците, сакаат љубов и посветеност. Секој кој има талент за градинарство нема пречка со било кое цвеќе да почне да го одгледува – ќе му успее – објаснува Светлана и додава – Јас дворот го средив за две години, сега само можам да уживам и да се радувам на моите растенија.

И уште еден бонус совет од Светлана: ГРАДИНАРСТВОТО Е НАЈУБАВО И НАЈКОРИСНО ХОБИ, ТОА Е БЛАГОДЕТ ЗА ДУШАТА И ЗА УМОТ.

Инаку, Светлана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Светлана во Богомила. 

Фото – приватна архива

(Фото) Работи во три смени, а четвртата – резервирана за цвеќињата: Дијана Петковска ни ги отвори вратите на нејзиниот двор во село Лажец

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....