16:49 - 11 ноември, 2026

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Прослава во домот на Луна и Марко, пригодата е прекрасна: Ѓоганиева ја објави и сподели радоста, сите честитаат!

Сопругот на Луна Ѓогани, ријалити учесникот Марко Миљковиќ, денеска го слави 42-от роденден, што е прекрасен повод за славење во семејството.

По овој повод се огласила Луна преку Инстаграм, каде што објавила неколку нивни заеднички фотографии, заедно со емотивна порака.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luna Djo Miljković (@luna_djogani)

– Среќен роденден на мојот сопруг! Ти посакувам здравје, среќа, мир. Всушност, ти посакувам сè што веќе имаш! Те сакам – напишала Луна Ѓогани.

Објавата собрала многу лајкови, а честитките продолжуваат да се нижат.

Инаку, Луна и Марко се во брак пет години и заедно добија две ќерки.

Иако секојдневно се посветени на родителските обврски, тие покрај тоа снимаат и емисии и содржини за социјалните мрежи, од кои добро заработуваат.

Луна своевремено истакнала дека пред Марко нема маска и дека тој ја сака токму таква каква што е.

– Мојот партнер го виде целото мое тело и душа. Ме виде без шминка, ме виде додека плачам, ја виде мојата грда смеа. Ме виде со разбушавена коса, неискапана, ги запозна и најчудните страни од мојата личност, ги виде моите стрии и сите мои несовршености. Го виде и моето најлошо однесување, но сепак остана покрај мене и ме сака колку што може. Во оваа генерација да имаш таков партнер е најголемиот благослов од Бога – напишала Луна Ѓогани.

 

Слични објави

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо
Се вчитува....