13:42 - 13 ноември, 2026

(Фото) Глетката вреди милиони: Петар Грашо ѝ купил стан од 200.000 евра на сопругата Хана, погледнете го овој луксуз

Станот на Петар Грашо на Јахорина во последно време е тема на регионалните медиуми, иако пејачот го купи луксузниот имот пред две години. Тоа е чудо на модерната архитектура сместено блиску до најубавата патека на планината.

Експертите за недвижности се согласуваат дека се работи за имот во комплекс каде цената надминува 4.000 евра за метар квадратен.

Има поглед на густа борова шума и е нешто повеќе од 1.500 метри надморска височина. Пејачот наводно ѝ го купил станот на својата девојка Хана Хуљиќ откако таа ја родила неговата ќерка Алба, а во него ќе ужива целото семејство, пренесува српски „Курир“.

„Сите ја сакаат Јахорина бидејќи таа е извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион“, изјавил претходно Грашо.

„Цел живот скијам во Западна Европа и не купив стан на Јахорина само за скијање, туку затоа што гарантира мир и автентична зимска идила“, додал пејачот.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....