9.8 C
Скопје
18:41 - 30 март, 2026

(Фото) Фустанот „Версаче“ чинел вистинско богатство! Сопругата на Огњен Амиџиќ покажа фотографија од својата матура од пред 15 години

Многу жени се воодушевени од елегантниот фустан што го носеше на дипломирањето пред 15 години.

Сопругата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ, често беше мета на критики за својот изглед, а на нејзиниот инстаграм-профил има фотографии од нејзиното минато на кои може да се види како изгледала некогаш.

Така таа сега сподели уште една фотографија од минатото, од пред 15 години, и тоа од својата матурска вечер.

Имено, Мина позирала во цветен фустан, а многу жени биле воодушевени од оваа елегантна тоалета.

„Тоалетата на „Версаче“ од сирова свила гореше на матурата на Гимназија пред 15 години“, напишала Мина, а нема сомнеж дека тогаш платила цело богатство за фустанот.

Мина Наумовиќ е многу привлечна, а многумина ја обвинија дека направила естетска хирургија, иако таа негира.

Да потсетиме дека Огњен еднаш истакна дека неговата сопруга никогаш не ги зголемила усните.

– Верувале или не, 100 отсто сè е природно. Ниту 1 отсто ГМО, филери и пластика. Затоа што читам многу работи, а не ми се допаѓа неправдата – рекол еднаш Огњен, а кога некој го прашал дали ја зголемила устата, тој одговорил:

– Јас кажав сè. Со самото тоа и устата. 100 отсто – додал водителот.

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....