14:33 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС Шарлен од Монако, таа се врати!

Шарлен од Монако (конечно) повторно позира со сопругот Алберт и нивните близнаци Жак и Габриела.

По долгиот турбулентен период кралското семејство од Монако повторно се заедно и ги честитаат велигденските празници. Сопругата на Алберт се врати во палатата по повеќе од една и пол година загрижувачки гласини за нејзината здравствена состојба. Шарлен беше отсутна долго време, прескокнувајќи ја и традиционалната божиќна честитка на кнежевството.

Кралската двојка во минатиот периоде бројни гласини, меѓу кои и возможниот развод кој наводно е на повидок.

Принцот Алберт пак, на секој начин се обиде да ги замолчи озборувањата, објавувајќи го и патувањето со близнаците во Африка во посета на принцезата.

„Сите овие муабети ме повредуваат и мене и мојата сопруга“, избувна принцот минатиот септември, огорчен од медиумскиот притисок.

Весниците пишуваа за различни хируршки интервенции кои ги преживеала Шарлен, за итна хоспитализација поради колапс па и за тоа дека изгледот ѝ е сосема променет, дека тежи едвај 50 килограми и има деформации на лицето.

Потоа, пристигна првата добра вест:

„Таа е многу подобра, последната операција што се однесуваше на носната преграда помина многу добро“, изјави принцот Алберт пред неколку недели и додаде – „Ќе можеме да го очекуваме нејзиното враќање многу брзо. Не можам да дадам точен датум, но ветувам дека ќе знаете кога ќе дојде време“.

И сега Шарлен се врати, барем да ги помине празниците со семејството. Јавните обврски сè уште можат да чекаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hshprincealbertii

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....