11:20 - 13 ноември, 2026

ФОТО: Ем убава, ем паметна: Мисицата Анѓела Јакимовска се враќа со две титули од Албанија!

Вчеравечер во Тирана, Албанија се одржа изборот за „Мис ГЛОУБ 2020“ со учество на 50 девојки од исто толку држави од целиот свет.

Нашата држава ја претставуваше Анѓела Јакимовска (24) од Скопје која направи убав успех со пласманот во топ -15 кандидатки и на крајот по бројот на поени од стручното жири го освои одличното 7. место. При тоа и на натпреварот „Head to head Challenge“ ја освои титулата Втора придружничка, каде најважен фактор беше интелигенцијата на девојките.

Анѓела Јакимовска во Тирана

Победничка на изборот е претставничката на Косово, Прва придружничка убавицата од Русија (Сибир), а Втора придружничка е од Гана.

Мис Глоуб 2020

Убавиците од целиот свет престојуваа три недели во Албанија каде освен туристичката тура која ја имаа во првите 10 дена, се подготвуваа за големото финале кое се одржа во големата сала на Олимпик Парк во Тирана.

Анѓела Јакимовска и Мики Црнокрак

– Изборот по 17. пат во Албанија го организираше „Deliart Association“, овој пат во услови на пандемија, но како и секогаш максимално професионално и на ниво кое доликува на еден светски избор за убавина – изјави Мики Црнокрак, веќе 25 години Национален Директор за Македонија за изборот за Мис ГЛОУБ.

Нашата претставничка на финалето носеше модели кои сама ги дизајнираше и плус од креаторките Лумние Локи и Соња Методиевска.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....