11.8 C
Скопје
14:23 - 30 март, 2026

(Фото) „Една отворeна скршеница и за малку изгубено око“: Марија Шерифовиќ се огласи по страшниот инцидент во Зеница

Српската пејачка Марија Шерифовиќ доживеа голема непријатност на новогодишниот настап во Зеница, поради што одлучи да го прекине.

Шерифовиќ настапуваше во Зеница, а феноменалната атмосфера ја расипа непознато лице кое фрли петарди кон Марија. Шерифовиќ не сакаше да толерира вакво однесување, па во свое име им се извини на сите и го откажа концертот 15 минути порано. Сега таа на социјалните мрежи се оглси по повод овој инцидент.

По првото огласување по скандалот, Марија се огласи и од авион. Таа замина за Белград и во таа прилика покажа и член од тимот кој се здобил со скршеница и раката му е во гипс.

„Во 2024 година влеговме за малку без око, со малку запалена опрема од петарди, една отворена скршеница, но ништо нема да нè скрши“, напиша таа.

Подоцна Шерифовиќ се огласи и од својот дом во Белград.

„Па, еве ме во оваа 2024 година – мртва изморена. Сакам да се знае дека без разлика на некои чудни околности, малку ненормални луѓе, вечерва убаво се забавував во Зеница“, порача таа од својот кревет.

Во продолжение таа им се заблагодари на сите што присуствуваа на нејзиниот концерт: „Па ви благодариме што дојдовте. Се гледаме повторно некогаш, некаде. Да живеете. Ве сакам. Добра ноќ и среќна Нова година“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....