13:43 - 1 април, 2026

(Фото) Душко Тошиќ со ќерката Ника замина за Германија: Фудбалерот објави фотографија, се вжештија мрежите

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Фудбалската репрезентација на Србија вечерва со натпревар против Англија ќе го започне европското фудбалско првенство, а од трибините на своите поранешни соиграчи ќе им даде поддршка поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

Сè уште законскиот сопруг на српската поп дива Јелена Карлеуша се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм каде објави фотографија од авионот на која позира со нивната помлада ќерка Ника.

Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со својата ќерка Ника замина во Германија каде вечерва се игра натпреварот меѓу Србија и Англија на Европското првенство.

Еуфоријата е веќе присутна, а доказ за тоа е неговата нова објава на Инстаграм.

Душко направи селфи со својата наследничка која позираше во српски дрес и со очила за сонце на главата.

Заедно со фотографијата, Тошиќ додаде емотикони со знамињата на Србија и Англија, заедно со фудбалска топка и авион што полетува.

Нема сомнеж дека вечерва одлично ќе се забавува и ужива, бидејќи Ника исто како и нејзиниот татко е вљубеник во фудбалот, а своевремено и тренираше фудбал.

Да потсетиме, Душко Тошиќ неодамна се најде во центарот на скандал, откако на површина излезе преписката на фудбалерот со хрватската пејачка Северина.

Недолго потоа, се случи инцидент кога Душко влегол во куќата на Дедиње, каде што живее Јелена и, како што пишуваа српските медиуми, ја нападнал неа и нејзиниот пријател кој во тој момент се затекнал во вилата.

 

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....