7.8 C
Скопје
10:25 - 1 април, 2026

(Фото) Додека Жељко и Јована уживаат во вилата од 3 милиони, еве каде живее ќерката на Јоксимовиќ од првиот брак

Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко Јоксимовиќ, пред неколку години се преселила во Белград поради студиите. А, за тоа време била сместена во вилата на нејзиниот татко на Дедиње, за која се зборува дека вреди околу 3 милиони евра. Но, по неколку години, таа видела дека ѝ треба слобода и сака да има свој дом.

А, како што Жељко отсекогаш ѝ ги исполнувал сите желби на својата миленичка, тој на Мина ѝ купил стан во самото срце на главниот град. Познатиот музичар бил задолжен за купување на станот, а Мина и нејзината мајка Весна напорно работеле да го опремат.

Станот на Мина Јоксимовиќ е опремен со комбинација на рустикален и модерен мебел. Преовладува белата боја, но и беж и црвена боја, што особено ѝ се допаѓа на ќерката на хитмејкерот.

Спалната соба е украсена со кревет со темноцрвена постелнина и бела рустикална полица. На ѕидовите има 3Д тапети, а од прозорците би рекле дека аголот на Мина е на последниот кат од зградата.

Бањата е поплочена со интересни бисерни плочки, а украсена е и со голем мијалник и када за џакузи во која таа ужива да се релаксира по напорниот ден.

Врската помеѓу Мина и нејзината маќеа Јована Јоксимовиќ отсекогаш била интересна за јавноста. Сепак, водителката тврди дека меѓу нив секогаш се било во најдобар ред, а и вилата во која живеат таа и Жељко е дом на Мина.

– Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Како што таа има топлина во куќата на мајка ѝ, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но тука ја нема – изјави еднаш водителката.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....