7.8 C
Скопје
04:54 - 2 април, 2026

(Фото) Џорџина е робинка? На мрежите се шири вознемирувачки документ, а Роналдо е бесен на својата вереница

Девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо (38) и новопечената ријалити ѕвезда Џорџина Родригез (29) со години е во центарот на вниманието поради врската со еден од најпознатите фудбалери во светот. Но, неодамна се појавија некои вознемирувачки детали за нивната вистинска врска.

Имено, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид од оваа година настапува за арапскиот клуб Ал-Наср. Бидејќи строгите закони на Саудиска Арабија не дозволуваат невенчаните парови да живеат заедно, а фудбалерот очигледно се уште не е подготвен да застане пред олтарот, тој на документите ја навел Џорџина како своја робинка.

Наводната виза на Џорџина напишана со арапско писмо го обиколи Твитер, а многумина ја преведоа и објаснија дека занесната бринета всушност е наведена како сопственост на Роналдо, бидејќи жените во Саудиска Арабија не можат да бидат независни/невенчани под ист кров со партнерот.

Сепак, други сметаат дека ова толкување не е во согласност со тамошните закони и дека Џорџина не е ’роб’, туку ‘десна рака’ на Роналдо, пишува шпанска Марка.

Се уште не е потврдено дали документот е вистинит или не, а саудиските власти не го коментираа случајот.

Џорџина го опиша Блискиот Исток како рај на земјата, таа сака да ја прикажува нејзината и врската на Роналдо како совршена, но во последно време се шпекулира за големи тензии меѓу неа и фудбалерот. Извори за медиумите изјавија дека Кристијано е лут затоа што се помалку се грижи за семејството, а се повеќе за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Џорџина стекна светска слава поради врската со Роналдо. Нејзината манекенска кариера процвета, а таа сними и две сезони од нејзиното реално шоу „Јас сум Џорџина“ за Нетфликс. И покрај големата гледаност, јавноста го критикуваше шоуто, бидејќи, најблаго речено, беше досадно. Имено, Џорџина во поголемиот дел од шоуто се фали со луксузот во кој ужива, а во шоуто ги вклучи и блиските пријатели и нејзината сестра кои ја следат низ светот и уживаат во удобниот живот заедно со неа.

49 милиони фанови ја следат Џорџина на Инстаграм, а брендовите ѝ нудат профитабилни соработки за да ги рекламира. И покрај луксузот и славата која ја доби благодарение на Роналдо, младата мајка верува дека сè заработила сама, а дека само љубоморните велат дека може да му се заблагодари на Роналдо за се.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....