2.8 C
Скопје
05:00 - 24 октомври, 2024

Моника Црнокрак: Способноста и знаењето не се врзани со надворешниот изглед

.Од своите родители никогаш не чувствувала притисок за работа во модата, по своја желба се занимава со манекенство, додека професионално се докажува на полето на маркетингот. Но ете, генетиката си го покажува своето вистинско лице, преку ликот на младата Моника.

Презимето кое го носи 24-годишната Моника Црнокрак, благодарение на своите родители, асоцира на мода и убавина. Вели дека „Мики и Светле без разлика дали модата и манекенството се во прашање или нешто друго во животот се моите најголеми поддржувачи и секогаш стојат зад моите одлуки. Благодарение на нив и на тоа како ме воспитале, сум ова што сум денес и гордно го носам презимето Црнокрак“. Моника дипломирала на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Меотодиј“ во Скопје, насока маркетинг, и во моментов тоа ѝ го работи. Модата и манекенството ги гледа како хоби, а предност им два на секојдневните задачи и обврски. Сепак, крвта не е вода, па Моника до сега има освоено бројни титули на изборите за убавина. Една од нив е и од неодамнешниот избор за убавина Мис Европа 2023 кој се одржа во Бејрут, од каде Моника се врати со титулата Мис на фотогеничност.

Какви врати ти отвори оваа награда во понатамошната кариера? Што ти остави најголем впечаток од овој избор за убавина?

– Како и секој избор, така и овој ми донесе едно огромно искуство и запознавање со многу девојки од различни земји. Убавините на Либан, прошетките, секојдневните задачи кои ги имавме, дружбите и целата организација ми остави навистина убави спомени за паметење. Секако и титулата што ја освоив за мене, Модното студио „Црнокрак“ и нашата држава која ја претставував ме прават особено горда. Модните ангажмани секако си остануваат исти и по изборот, како и претходно, и секоја нова работа и соработка ме радува.

Како би го опишала Бејрут? Колку модната индустрија е развиена во Либан? По што е карактеристична либанската девојка, односно жена?

– Бејрут е навистина многу убав. Основни карактеристики на градот е што во него живеат прекрасни луѓе, многу културен народ и храна која ќе ве остави без здив. Либанските жени се како нацртани, поим за убавина, меѓутоа сметам дека со естетските зафати кои во Бејрут се секојдневие, наликуваат една на друга и ја кријат својата природна убавина.

Колку долго и како траат подготовките за еден сериозен избор за убавина?

– Подготовките за избор за убавина се секогаш поинтензивни пред самото одење, меѓутоа сметам дека треба да се има една постојана навика за водење здрав начин на живот, исхрана, вежбање и постојано да се изгледа добро.

Колку се расположени македонските модни дизајнери за соработка со девојките за вакви избори? Каде ги гледаш најголемите тешкотии, кои се предизвиците?

– Не секогаш и не сите македонски модни дизајнери се расположени за соработка, но ние имаме свои постојани соработници и пред сè пријатели кои секогаш стојат зад нас и не поддржуваат за нашите потреби и барања. Најголем предизвик е секако успехот и добриот резултат, но секогаш треба да сме подготвени за соочување со било какви тешкотии кои често можат да се појават.

Од мала си израсната меѓу моделите и идеалите за убавина, покрај двајца родители, Мики и Светлана, кои професионално се посветени на модниот свет. Каква беше личната комуникација со огледалото, особено во периодот на адолесценцијата кога најчесто се сопнуваме на детските соништа?

– Од своите родители никогаш не сум чувствувала притисок за работа во модата, едноставно по своја желба ги правам работите во манекенството. Тука веројатно игра голема улога и генетиката.. Не е тајна и дека отсекогаш сум имала проблем со килограмите и сум се соочувала со навистина тешки моменти да ги намалам. Огромна благодарност до Ана Стојанова и нејзините програми, кои навистина многу ми помогнаа во тоа и сè уште ме држат во баланс, со поттик за остварување на својот зацртан успех.


Сметаш ли дека убавите девојки треба двојно да се докажат во својата стручност само затоа што се убави, доколку кариерата одлучат да ја градат надвор од модниот свет, во бизнис светот кадешто во општества, какво што е и нашето, сè уште доминираат мажи на лидерски позиции?

– Сметам дека секој човек, не само жената, треба да се докаже на потребната работна позиција или бизнис, неврзано со својата убавина. Убавината си е убавина, а способноста и знаењето не се врзани со надворешниот изглед. Можеби факт е дека во нашето општество предност се дава на убавината и полесно се поминува со истата, меѓутоа надвор од нашата држава навистина е потребно да се исполнат бараните знаења, без разлика дали некој е убав или не, а убавината се зема само како фактор плус.

Слични објави

Брега му дал совет на Сергеј Трифуновиќ: „Бракот не ги решава проблемите“

еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ има повод за славење: Актерката денеска полни 40 години, честитки доаѓаат од сите страни

Еспресо

Јована Јеремиќ ѝ се нафрли на Тања Савиќ: „Ќе ѝ помогнам да ја наполни полупразната Арена“

еспресо

Жика Јакшиќ изнесе информација за состојбата на Саша Поповиќ: Вака се чувствува неговиот несуден кум

еспресо

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство, вистинска драма се одвивала во станот, еве што се случило!

Еспресо

Таткото на Лијам Пејн се соочува со срцепарателно чекање пред да го донесе телото на синот дома од Аргентина: Еве ги тажните детали

еспресо
Се вчитува....