18:06 - 10 април, 2026

(Фото) Џони Деп ја прослави победата со Џеф Бек и Сем Фендер со кригла темно пиво; правдата е задоволена

На фотографијата која ја објави Енџи Џенкинсон Џони Деп е оној со капата и насмевката. Актерот не беше во судницата кога се читаше пресудата во судскиот процес за клевета што го доби против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, туку беше во Велика Британија каде имаше серија концерти. Вечерта по судската победа се покажа како совршена за посета на паб во Њукасл со гитаристот Џеф Бек и британската рок ѕвезда Сем Фендер.

„Поротата ми го врати животот“, рече ѕвездата веднаш по пресудата. Му врати и значителна сума: 8,35 милиони долари. Севкупно ќе беа 15, но судијата ја намали сумата за отштета од 5 милиони на 350 илјади долари.

Додека тој беше во Њукасл неговите фанови славеа во Вирџинија.

Интересно е што повеќе жени отколку мажи го поддржаа актерот. На социјалните мрежи тој веќе победуваше со недели, се дебатираше за се: за облеката, музиката, фризурите. Во Англија, исто така, најде бројни поддржувачи. Тоа го покажува видеото објавено на социјалните мрежи на излезот од клубот од Њукасл. Навистина се чувствува како да започнал нов живот за Деп.

Слични објави

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin
Се вчитува....