20:29 - 15 февруари, 2026

(Фото) Џек Никлсон „уловен“ по година ипол, фановите го бранат глумецот: „Оставете го на мир со критики, има 85 години“

Фановите побрзаа да го одбранат Џек Николсон откако излезе напис и фотографии од легендарниот глумец во весникот „Дејли мејл“ во кој се критикува изгледот на „разбушавениот“ Никлсон.

Фановите го бранат Никлсон со три клучни збора: „Има 85 години!“. Повикувајќи се на неговата возраст, онлајн корисниците ги направија токму овие зборови една од главните теми кои се тренд на денот, барајќи од медиумите да го остават остарениот актер на мира.

Николсон беше „уловен“ од папараците како се буди од дремка во неговиот дом во Беверли Хилс вреден 10 милиони долари. Ова се први фотографии на актерот по подолг период од 18 месеци, но начинот на кој новинарите го претставија Никлсон не ги задоволи бројните негови фанови.

Ѕвездата на „The Shining„ беше снимен на видео на балконот од неговиот дом, со поглед на неговата градина.

Последното јавно излегување на пензионираниот Николсон се случи во 2021 година, на натпревар на ЛА Лејкерс во друштво на неговиот син Реј (31).

Одговорите на фановите на објавениот напис во Дејли меил беа неверојатно едногласни.

„85-годишникот изгледа малку уморно зашто штотуку станал. Ова не е вест“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. „Изгледа одлично. Сите треба да бидеме среќни ако ни оди толку добро на 85 години“, одговори друг со слична содржина.

Инаку, во последнава година се зборуваше дека славниот глумец се бори со деменција, според извори блиски на Никлсон.

Слични објави

Бресквица искрено проговори за раскинувањето: „Не страдам, сè се случува со причина“

Еспресо

(Фото) Марко Јариќ повторно заљубен! Мистериозна бринета му седи во скут на луксузна јахта

Еспресо

(Видео) Познатите го прославија Денот на вљубените со Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ – Емина Јаховиќ пристигна последна

Еспресо

(Фото) По операција на носот во Турција, момчето ѝ приреди незаборавно изненадување на Нина Џогани

Еспресо

Ова е сестра на Гога Секулиќ: Јавноста по прв пат има прилика да ја види на најтажниот ден за семејството

Е.А.

Погребана мајката на Гога Секулиќ, поранешниот сопруг не се одвојува од неа

Еспресо
Се вчитува....