4.8 C
Скопје
06:08 - 28 март, 2026

(Фото) Џеј Рамадановски му глумел во спот, а тој по смртта му се оддолжи: Познат рапер го истетовира ликот на легендарниот пејач

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски беше исклучително почитуван и сакан од народот, а истата ситуација беше и во кругот на неговите колеги.

Фактот што раперот Вук Моб дури и го истетовирал ликот на пејачот покажува колку тој бил почитуван од оние кои се занимавале со истиот бизнис како него.

Заедно со сликата на Џеј, раперот го додал и текстот „Ветровите ме кршат, јас терам по свое“ (Vetrovi me lome, ja teram po svome), а во една прилика раскажа зошто се одлучил на овој потег.

– Имам тетоважа со ликот на Џеј, многу го сакав и ми беше исклучително драг. Тој е можеби единствениот пејач од нашата естрада што го сакав како да ми е роднина, а ако ме прашате зошто, не знам. Ја сакав неговата музика, а и мојот покоен татко ја сакаше неговата музика, па мислам дека сето тоа е некако поврзано едно со друго – објаснил раперот.

Смртта на Џеј многу го погоди раперот Вук Моб, кој потоа со потресни зборови се прости од легендата.

– Драг мој, за мене ти си жив додека сум жив јас! И по песна и по дух, и сега со слика која секогаш ќе биде со мене! Времето брише сѐ, а ти ќе живееш вечно, легендо – рекол раперот.

Вук Моб еднаш сними песна наречена „Славија“, а легендарниот пејач се појави во спотот. Снимањето се случило во кафеана каде Џеј и Вук одлично се забавувале, а раперот се пофалил дека му е чест што Џеј се согласил на соработка.

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....