09:33 - 2 април, 2026

(Фото) Блесна прстен на раката на Аница Лазиќ: Девојката на Лазар Ристовски ги подгреа гласините за веридба

Лазар Ристовски веќе извесен период максимално ужива во својата љубов со 39 години помладата избраничка Аница Лазиќ, која сега се најде во центарот на вниманието на јавноста – додека го покажуваше својот маникир.

Кога го направила тоа, имено, од нејзината рака блеснал прекрасен прстен, кој, судејќи по социјалните мрежи, навел многумина да помислат дека парот, можеби, се решил да ја „крене врската на повисоко ниво“.

– Природното е секогаш во мода – беше сѐ што напиша Аница со фотографијата, а претходно споменатите шпекулации остануваат под знак прашалник.

Зборувајќи во една прилика за нивната врска, Аница истакна дека Ристовски е галантен маж, но и тоа дека таа е скромна, што често ѝ го кажува и тој.

– Лазар е многу галантен. Дури и тој често ми вели дека сум премногу скромна и дека ништо не барам. Добро не дека не барам ништо, барам некои работи, но вели дека е така, многу скромно. Но, тој е галантен и сака да купува за мене. Тој е генерално џентлмен, не само за мене, туку и во животот, па ги има тие џентлменски квалитети. Не сака никакви ташни, накит, не дај Боже. Многу е тешко да му избереш боја, не само крој, боја ако зборуваме на пример за гардероба, па сѐ што му купив, а и му купувам, морав да го натерам да оди на шопинг со мене, што секако не му се допаѓа, но тоа го прави кога треба – објаснила таа своевремено за „Блиц“.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....