По тајна борба со рак, на 76 годипна возраст почина американскиот пејач и текстописец Џими Бафет.
Легендарниот пејач Џими Бафет, познат по својот тропски начин на живот, не беше само музичар туку и посветен семеен човек. Тој беше во брак со неговата сопруга Џејн Слагсвол од 1977 година и заедно имаа три деца. Но, како започнала нивната љубовна приказна? Тоа било во Ки Вест, Флорида, кога Слагсвол била на нејзиниот пролетен распуст од колеџот.
Бафет набрзо се преселил во Ки Вест откако се обидел во кантри музиката во Нешвил и поминал низ еден развод. Во тоа време тој го формирал Coral Reefer Band и почна да го развива својот препознатлив карипски рок жанр.
Додека двојката претпочиташе да ја задржи својата врска приватна, Слагсвол му беше постојана поддршка на Бафет додека ја градеше својата империја Маргаритавил. Таа го придружуваше на разни настани на црвениот тепих, вклучително и на свеченото отворање на локациите во Маргаритавил. Нивното партнерство се прошири надвор од нивните лични животи и во нивните професионални потфати.
Но, која е Џејн Слагсвол? Уште по првта средба во Ки Вест, двајцата веднаш се поврзаа и станаа блиски. Бафет ја опиша нивната прва средба, велејќи: „Следниот пат кога ја видов, таа носеше тесен, долг розов фустан кој ми остави траен впечаток“. Набргу потоа се преселиле во заеднички дом и се венчале во 1977 година.
Jimmy Buffett and wife, Jane Slagsvol, met each other in Key West in the ’70s.https://t.co/T9ZGqi3yb4
— TODAY (@TODAYshow) September 2, 2023
Влијанието на Слагсвол врз кариерата на Бафет оди подалеку од нивниот личен однос. Таа одигра значајна улога во подобрувањето на имиџот на Coral Reefer Band.
Според биографијата на Бафет, таа помогнала да се исчисти нивниот „наугледен изглед“ со воведување на ново ниво на професионализам во нивната облека. Слагсвол се погрижи членовите на бендот да ги отфрлат своите „истрошени“ фармерки и кошули без јака, правејќи ги да изгледаат поугледни и „важни“ пред да заминат на турнеја.
Jimmy Buffett & Jane Slagsvol: From College Love to Margaritaville Empire https://t.co/OQKR5a6XdB … #news #JimmyBuffett pic.twitter.com/9XEwIxAbfj
— Ice Queen (@iceqeun) January 9, 2023
Не е изненадување што Бафет напиша барем една песна за својата сопруга – неговата хит песна од 1978 година „Come Monday“ била напишана за Слагсвол додека тој бил во Л.А. на турнеја, а таа се вратила во Ки Вест.