20.8 C
Скопје
19:47 - 29 април, 2024

(ФОТО) Беше секс симбол во деведесеттите, а вака денес изгледа Кармен Електра

Актерката и модел Кармен Електра пред неколку дена наполни 50 години, но сепак не престанува да привлекува воздишки. Иако долго време е на маргините на Холивуд, не постои човек кој не се сеќава на овој секс симбол од деведесеттите, кога играше рамо до рамо со Памела Андерсон во „Чувари на плажата“.

Тие две актерки го освоија светот, шетајќи на плажа во едноделен црвен костим за капење.

Кармен и понатаму има извајано тело, мускули и младешко лице, а тоа речиси секојдневно го потврдува со своите објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Сепак, иако пред две децении доминираше во светот на шоу-бизнисот, денес не е така. Имено, таа во последните години ги забавува гостите како водителка на престижни забави. На некој начин повторно го наплаќа својот сексапил, но веќе не на високо ниво. Покрај тоа, одвреме-навреме добива некои епизодни улоги во популарните телевизиски серии. И често работи како водител на некои настани.

Инаку, таа пред неколку години го објави прирачникот „Како да се биде секси“, за да им помогне на жените ширум светот да се сакаат себеси и своето тело.

– Секој има нешто на себе што не го сака, па дури и манекенките, филмските и рок ѕвездите. Изградете самодоверба работејќи на себе и чувствувајте се добро поради тоа. Сакав да ги охрабрам жените – истакна актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Фотографии кои сите ги оставија без зборови

Кармен се најде во центарот на вниманието на јавноста пред три години по долга пауза, кога објави цела серија фотографии на кои буквално е како од мајка родена, а не ги криеше ниту интимните делови од телото.

На тие фотографии Кармен позираше во сите агли, па имавме прилика да ги погледнеме нејзините бујни гради, но и совршено извајаниот задник, половината и затегнатите нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Колекција на долна облека

Таа лансираше и колекција на долна облека што ја создаде за секоја жена да може да најде нешто што и одговара. Со ова повторно сакаше да ги поттикне жените да бидат што посекси.

– Мислам дека секоја жена има делови од телото кои ја прават самоуверена, но и други делови поради кои не се чувствува толку удобно. Треба да го знаете вашето тело и да знаете како сакате да изгледате. Направете го тоа пробувајќи сè. Сакам корсети, освен ако не сум низ дома, тогаш сакам нешто удобно и меко. Но, важно е да го носите она во што најдобро се чувствувате – нагласи Кармен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Брак од 9 дена

Атрактивната актерка во својата емотивна биографија има долга листа на познати љубовници, но секако најпознатиот на таа листа е кошаркарот Денис Родман. На крилјата на страста, парот размени завети во 1998 година во капела во Лас Вегас, но побараа поништување на бракот по само девет дена. Родман истакнал дека не бил присебен кога се оженил со Кармен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

„Еден ден кога Булси имаа слободен ден, не мораа да одат на тренинг, Денис ми рече дека има изненадување за мене. Ми ги врза очите и седнавме на неговиот мотор. Кога ми го симна превезот од очите, бевме во центарот за вежбање, на централниот терен. Беше лудо, како две деца во продавница за слатки. Јадевме сладолед и водевме љубов секаде каде што одевме – во просторијата за физикална терапија, во теретаната, очигледно и на теренот … Да бидам искрена, мислам дека тој никогаш не работел толку напорно во животот – изјави Кармен еднаш за нејзиниот сексуален живот со Родман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

По овој љубовен бродолом Кармен имаше уште еден брак со гитаристот Дејв Навар, кој не траеше долго. По само три години заеднички живот, тие се разведоа. Оваа убавица најде утеха во музичарот Роб Патерсон, но иако беа свршени, свадбата не се одржа поради неговото неверство. Потоа „падна“ во прегратките на Сајмон Кауел, со кого раскина во 2013 година. Оттогаш таа вешто го крие својот љубовен живот од очите на јавноста!

Слични објави

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам што сте дел од мојот живот!“: Каролина го прослави роденденот со сопругот и најблиските

Еспресо
Се вчитува....