5.8 C
Скопје
07:08 - 1 април, 2026

(Фото) Бејби Лазања: Не можам да ги прифатам 50.000 евра, го замолувам Пленковиќ да ги донира тие пари

Бејби Лазања се огласи откако хрватската влада одлучи да му даде 50.000 евра како награда.

Евровизискиот претставник на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, ѝ се заблагодари на хрватската влада за паричната награда, додавајќи дека сепак не може да ја прими и дека за тоа постојат многу причини.

 


„Ѝ благодарам на хрватската влада за паричната награда од 50.000 евра, но тие пари не можам да ги прифатам. Би можел да наведам многу причини зошто, но првата најважна е дека постојат многу други поединци и организации на кои овие пари далеку повеќе ќе им помогнат“, рекол Бејби Лазања и го замолил Пленковиќ во име на хрватската влада и во негово сопствено име да ги донира средствата на Заводот за детска онкологија.

„По овој пат го молам господинот Пленковиќ“, рекол Бејби Лазања, во негово име и во име на хрватската влада да донира 25.000 евра на Заводот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“.

„Понатаму, другите 25.000 евра би сакал да ги донирам на Заводот за педијатриска онкологија и трансплантација на крвотворни матични клетки КБЦ Загреб“, рекол Бејби Лазања, а неговите следбеници и обожаватели воодушевено го поздравија неговиот гест.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....