17:02 - 3 април, 2026

(Фото) Азис го покажа својот часовник вреден 1 милион евра

Поп-фолк ѕвездата Азис повторно ја „разбранува“ јавноста со својот луксузен стил, но овој пат не се работи за автомобил, туку со часовник вреден како цело богатство.

Како што пишува „Бугарија Днес“, Азис се појавил со швајцарски часвоник на својата рака, чија цена се проценува на најмалку 1 милион евра, пишува „Хот Арена“. Со овој скап моден детаљ, „славејот од Костинброд“ повторно го освои вниманието на обожавателите и медиумите, кои го прогласија за апсолутен фаворит во категоријата „турбо-гламур“.

Според експертите од елитата на индустријата за часовници, брендот што го носи Азис претставува вистинска Формула 1 меѓу часовниците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)

Во моделот што отчукува на неговиот зглоб се користи титаниум наместо традиционално германско сребро со PVD обложување, што го прави исклучително издржлив и технички совршен.

Овој тип часовници се сметаат за врв на мајсторство, а создавањето на еден ваков механизам е технолошки подвиг што ја објаснува и неговата космичка цена.

Азис, кој често ја истакнува својата љубов кон луксузот, повторно докажа дека знае како да привлече внимание овој пат со нешто што буквално вреди милион.

Слични објави

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо
Се вчитува....