7.8 C
Скопје
11:04 - 20 февруари, 2026

(Фото) Амбер Херд блесна во Италија, дали е во романса со згодниот глумец?

Амбер Херд не заостанува многу зад Џони Деп, кој буквално го крена на нозе Кан со своето појавување на црвениот тепих во мај на Канскиот филмски фестивал. Точно, за своето прво појавување по легендарното судење со нејзиниот поранешен сопруг, 37-годишната актерка избра поскромна манифестација – Филмскиот фестивал во Таормина. Херд на Сицилија дојде за премиерата на нејзиниот нов филм „On Fire“.

Нормално, вниманието на сите присутни беше заковано на Амбер. И глумицата никого не разочара: смени два модни изгледи, ја покажа широката насмевка, потпиша автограми и покажа дека е среќна.

Амбер во одреден момент дури ги соблече чевлите и отиде на прошетка боса во друштво на својот партнер на сетот, 48-годишниот италијански актер Лука Калвани. Парот очигледно уживаше во меѓусебното друштво: Херд се насмеа на шегите на својот придружник, а тој нежно ја прегрна за нејзината половина. Нормално, новинарите веднаш „заклучија“ дека меѓу нив двајца има нешто повеќе од само пријателство.

твитер

 

Секако, нема да носиме избрзани заклучоци, туку едноставно ѝ се радуваме на Амбер што ужива вистинска долче вита! Очигледно заминувањето од Холивуд има толку поволно влијание врз актерката: таа неодамна објави дека се пресели во Шпанија. Иако, по толку топло добредојде во Италија, можеби би можела да се премисли…

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....