3.8 C
Скопје
06:57 - 17 март, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ распродаде четири концерти во Загреб, а сега се појави шокантен оглас: Продавам два билети за 10.000 евра

Пејачката Александра Пријовиќ по трите спектакуларни концерти во белградската „Штарк Арена“, го закажа и четвртиот концерт во Загреб, а за само неколку дена подоцна хрватските медиуми објавија дека и тој концерт е распродаден.

Со оглед дека веќе не може да се купат билети, се појавија разни огласи за продажба на билети чија цена се движи меѓу 75 и 150 евра, но еден од нив привлече големо внимание.

Имено, едно лице објавило оглас на веб-страница за продажба на билети за концертот на Александра Пријовиќ, а цената за еден билет е дури 5.000 евра.

– Две билети за Прија, прв концерт (гостин: Лепа Брена), цена по билет 5.000 евра. Во принцип, ќе одам на концертот, но ова е цената поради која би се откажал од билетите, кој сака и може да плати, тука сум – напишал човекот во описот на огласот.

Да потсетиме, Александра овој период е главна тема во Хрватска откако распродаде четири концерти во Загреб. Ова ја направи најмладата пејачка која распродаала повеќе концерти во „Штарк Арена“. Во рамките на турнејата „Од исток кон запад“, таа три вечери пееше и во Белград, а ќе пее и во други земји на Балканот.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....