7.8 C
Скопје
21:09 - 1 април, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ објави фотографија од Арена Загреб пред вечерашниот прв концерт

Александра Пријовиќ вечерва во загребска Арена ќе го одржи првиот од петте распродадени концерти.

По овој повод пејачката се огласи на Инстаграм – објави фотографија од Арена Загреб и потврди дека пристигнала во градот. Со неа дошла и нејзината мајка Борка Михајловиќ.

По денешниот концерт, Александра ќе пее и на 2, 3, 4 и 6 декември годинава. Билетите за првите три концерти беа продадени во рок од 24 часа, додека за четвртиот беа потребни нешто повеќе од 48 часа. Пред две недели и официјално беше распродаден петтиот концерт.

Иако нема карти во официјална продажба, билетите кои се трипати поскапи од слободна продажба сѐ уште се препродаваат на интернет.

За потсетување, Пријовиќ во својата кариера има снимено три албуми, а последниот албум „Девет живота“ ги собори сите рекорди на слушање и ја однесе на турнејата „Од исток кон запад“, каде што моментално ги полни големите сали низ регионот.

Слични објави

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо
Се вчитува....