20.8 C
Скопје
04:33 - 22 август, 2026

(Видео) Шерон Стоун „пука“ од самодоверба: „Имам 65 години и сега имам повеќе додворувачи кои сакаат да спијат со мене од било кога!“

Шерон Стоун има 65 години и се уште е една од најпосакуваните жени на планетата. Неодамна таа гостуваше во подкаст, а нејзината изјава одекнува на интернет. Ова е ставот на самоуверена жена, полна со самодоверба, која знае која е и што сака.

Имено, Шерон гостуваше во подкастот на Келти Најт, а во таа прилика одговори и на едно прашање од обожавателка за самодовербата на жените над педесет години.

@keltieknight

Replying to @ShellDeg 🤯🤯 New @The LadyGang with #sharonstone out now 💖 #theladygang #podcastclips #hottie🔥 #ladygangpodcast #wordsofwisdom #podcast #beccatobin #jacvanek

♬ original sound – Keltie

„Јас сум во моите 60-ти години, луѓето мислат дека на овие години никој веќе не те погледнува, а вистината е дека сега имам многу додворувачи кои би сакале да спијат со мене, можеби и повеќе од билокога. Но тие треба да знаат дека не е во ред тоа кога ќе везеш во просторија и секој маж почне да свирка, зашто треба да знаат дека ти не си лесна како што можеби си била кога си била млада. Мажите тоа го препознаваат, затоа многу жени веќе не ги гледаат, не затоа што не се згодни, туку затоа што не се лесни. И нема веќе лесно да замолчат, да трпат, да бидат парче месо…Значи не е тачно дека не си згодна, дури си и позгодна, зашто си поопуштена и помалку збунета околу тоа како изгледаш, зашто знаеш дека изгледаш прекрасно, само што веќе не си лесна.

@keltieknight

THAT SCENE. If you know, you know 😉🔥 #basicinstinctinterrogationscene #sharonstone #theladygang #basicinstinctmovie #ladygangpodcast #podcastclips #sharonstoneedit #podcast #iykyk

♬ original sound – Keltie

Видеото привлече големо внимание, а многумина ја пофалија глумицата за изгледот, ставот и самодовербата.

„Како шанкер можам да ги потврдам нејзините зборови, сите се се уште во игра“, „Годинава наполнив 50 години и имам повеќе самодоверба отколку кога имав 20 и совршено тело. Педесетите се прекрасни“, „Самодовербата доаѓа со годините и тоа едноставно е така“, гласат само дел од коментарите.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....