21.3 C
Скопје
02:13 - 22 јуни, 2026

Лепа Брена најискрено си ја отвори душата: Откри што сака во Новата година, па призна зошто често плаче!

Пејачката Лепа Брена е остварена на секое поле, и емотивно и професионално. Сепак, пејачката признава дека годината зад нас била многу напорна, а во новата 2024 година би сакала да стане баба на едно девојче.

– Оваа година ми беше многу предизвикувачка и креативна, но исто така, и многу психо-физички напорна – истакнала на почетокот на разговорот пејачката.

Брена открила и што е тоа што посакала во животот, а што сè уште не успеала да го оствари.

– Ние професионалните пејачи живееме како спортистите: треба да спиеме навреме, да бидеме во добра форма, да не се прејадуваме за да можеме да облечеме професионални костими, не смееме да бидеме порочни. Сакам да се напијам чаша вино и да се дружам со пријатели кои имаат добра енергија. На личен план, би сакал да имам повеќе внуци. Некако најголема среќа кај сите нас е кога си играме со нашите внуци. Па се надевам дека освен машки, ќе има и некое девојче (се смее).

Неодамна таа често плачеше на сцената. Најпрвин на концертот на својата снаа Александра Пријовиќ, а пред неколку дена во Бугарија, каде што пееше со Драгана Мирковиќ.

– Да. Во последно време премногу плачам на сцена. Претпоставувам дека ме совладуваат многу повеќе емоции, бидејќи сега имам многу повеќе време навистина да го доживеам сето тоа што го правам и како го правам. Но, колку и да плачам, секогаш е навистина убаво и фантастично.

„Црниот петок“ (Black Friday) неодмна се одбележа и во регионот. Дали и вие потклекнавте на тој шопинг тренд и што купивте тој ден?

– Не ми ни падна напамет. Јас имам некој што е задолжен за мојата гардероба што се однесува до сцената. А за мојата приватна гардероба имам моја помошничка која ми нарачува само преку интернет, така што, сето тоа ми пристинува на домашна адреса. Воопшто повеќе не морам да одам во шопинг – рекла Брена за српски „Курир“.

 

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....