11:51 - 12 ноември, 2026

Евровизија следната година ќе се одржи во Виена: Градот по третпат ќе биде домаќин

Изборот за песна на Евровизија во 2026 година ќе се одржи во Виена, Австрија.

Главниот град на Австрија по третпат ќе биде домаќин на најголемиот европски музички спектакл. Во минатото натпреварот се одржа во 1967 и 2015 година. Со ова Виена се изедначи со Копенхаген, Малме и Стокхолм, кои исто така беа домаќини на Евровизија по три пати.

Полуфиналето на најголемото музичко натпрреварување ќе се одржи на 12 и 14 мај, а големото финале е закажано за 16 мај во Градската арена на Виена (Wiener Stadthalle).

Како што наведоа организаторите, одлуката за домаќинството на Виена е донесена по процес на селекција во кој беа оценети условите на местото на одржување, градската инфраструктура и капацитетот за сместување на илјадници делегации, технички персонал, новинари и обожаватели од целиот свет.

Освен Виена, Инсбрук исто така беше во тесна конкуренција за организација на натпреварот.

Тие додаваат дека цела недела ќе бидат организирани активности во Виена пред и за време на натпреварот, а повеќе детали за локацијата на евровизиското село, Евроклубот и другите содржини ќе бидат објавени во наредните недели и месеци.

Организаторите истакнуваат дека обожавателите на натпреварот кои доаѓаат во австриската престолнина ги очекува уникатно културно искуство. Виена е позната по својата врвна музичка сцена, бројни музеи и уметнички институции, како и развиена гастрономска култура.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....