7.8 C
Скопје
00:49 - 31 март, 2026

ЕВРОВИЗИЈА 2022: Водителите МЕЃУСЕБНО ИСПОКАРАНИ, Паузини барала да менува 12 ФУСТАНИ во една вечер!

Веќе е познато – популарната пејачка Лаура Паузини која зборува течно три јазици покрај мајчиниот – италијански (англиски, француски и шпански), битанскиот пејач и искусен водител Мика и италијанскиот телевизиски шоумен Алесандро Кателан ќе ја водат Евровизија 2022 што ќе се одржи во ПалаОлимпико во Торино од 10 до 14 мај. Но гласините зборуваат дека водителите веќе се испокарале, а организаторите на настанот се под голем стрес.

Не стивнуваат гласините за тензија меѓу Кателан и Лаура Паузини, двајца од тројцата водители на Евровизија 2022. Третиот водител пак, Мика, се нашол во средината на ова ривалство и не знае која страна да ја заземе. Накратко, Мика до сега си ја вршел работата без ниеднаш за ништо да се пожали.

Во моментов, пишуваат италијанските медиуми, се случува хаос зад сцената. Продолжуваат честите состаноците за организирање на вечерите (полуфинални и финалето), а нервите се прилично истенчени. Менаџерите и организаторите се се борат со добра доза на стрес, според многумина -и поради недостатокот на искуство за организирање настани од ваков калибар. И како тоа да не е доволно, меѓу двајцата водители има дополнителна нервоза.

Лаура Паузини би требала да биде „ѕвезда“ на сцената, во сите погледи. Но таа толку буквално го сфатила тоа што побарала дванаесет промени на тоалетите во текот на финалната вечер, но и да настапи на сцената непосредно пред објавувањето на победникот!

Сето ова пак, предизвикало страв кај Кателан да не треба и тој 12 пати да се пресоблекува, па рекол дека не сака да биде на сцената манекен туку водител.

Каталан побарал рамноправност меѓу тројцата водители, без да се дава предност на ѕвезда некому, без разлика што Паузини е навистина пејачка ѕвезда и згора на тоа единствена жена меѓу двајцата мажи на сцената.

Многумина пак, се на страната на Каталан зашто тој пак е единствениот водител меѓу тројцата водители (зашто другите двајца се пејачи). Па, така ако некој треба да биде водител-ѕвезда на сцената тоа треба да биде тој, со своето огромно водителско искуство…

Барањата и посредувањата меѓу Каталан и Паузини продолжуваат, само Мика молчи и соработува, пренесуваат италијанските медиуми.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....