2.8 C
Скопје
01:48 - 28 декември, 2024

ЕВРОВИЗИЈА 2022: Кои се тројцата водители на Евросонг и од каде ви се познати

Популарната пејачка Лаура Паузини која зборува течно три јазици покрај мајчиниот – италијански (англиски, француски и шпански), битанскиот пејач и искусен водител Мика и италијанскиот телевизиски шоумен Алесандро Кателан ќе ја водат Евровизија 2022 што ќе се одржи во ПалаОлимпико во Торино од 10 до 14 мај.

Потврдата за триото – водители пристигна за време на втората вечер на фестивалот Санремо 2022.  Лаура Паузини, Мика и Алесандро Кателан заедно настапија на сцената за да се претстават на публиката со заедничка изведба на песната „I have a dream“ од ABBA.

Евровизија 2022: Кои се тројцата водители

Лаура Паузини

instagram

Лаура е една од најпознатите италијански уметници во светот. Беше лансирана на италијанската музичка сцена во 1993 година со победата на фестивалот во Санремо со легендарната песна „Ла солитудине“.

Веќе следната година се вратил на фествалската сцена со уште едех хит  „Страни амори“.

Оттогаш кариерата на пејачката достигна многу високи врвови, поминувајќи низ различни земји, од Шпанија до Португалија, до Франција и Бразил. Добитник е на многу награди, како што се наградата Греми во 2006 година и Златен глобус во 2021 година.

Во Италија издаде 18 дискови, вклучувајќи студиски албуми, колекции, компилации во живо и насловни албуми. Зад нејзиното име стои долга листа на хитови, вклучувајќи ги „Тра те е ил маре“, „Реста ин асколто“, „Инвече но“.

Има искуство и како водителка, на музички настани, забавни настани и фестивали во Италија но и во Америка.

– Среќна сум што Евровизија конечно се врати во Италија и чест ми е да водам еден ваков важен настан, заедно со моите пријатели Мика и Але! Заедно сакаме да ѝ ја покажеме на Европа и на светот нашата извонредна земја. За мене 2022 започна со нова музика и со овој неверојатен датум. Сакам да се соочам со Евровизија, музички настан пар екселанс во Европа и едно од најважните телевизиски шоуа во светот, со истата енергија што ме придружуваше низ мојата кариера. Ние сме подготвени … и, навистина, едвај чекаме! – изјави Лаура.

Мика

Мајкл Холбрук Пениман Џуниор, познат како Мика, е кантавтор роден во Бејрут, Либан, но израснат во Франција и Обединетото Кралство. Полиглот уметник, меѓу различните јазици што ги зборува се и англискиот, францускиот, италијанскиот и шпанскиот.

Мика ја достигнува славата во 2007 година со објавувањето на синглот „Грејс Кели“,  што го носи на врвот на топ листите и во Италија и во европа, а потоа со албумот  „Живот во цртан филм“.

Дури и неговиот втор албум, The Boy Who Knew Too Much од 2009 година, го потврдува како еден од водечките поп-уметници од доцните 2000-ти, благодарение на неговата ексцентрична личност и привлечната музика.

Пресвртот во Италија се случи во 2013 година кога беше најавен за судија на седмото издание на X Factor, станувајќи првиот меѓународен ментор во италијанското талент шоу.

Подоцна, тој седна и на славната фотелја на The Voice: plus belle voix, францускиот талент шоу.

Алесандро Кателан

Тој ја започна својата кариера на многу млада возраст како водител и диџеј во различни музички канали – VIVA, All Music и MTV Italia – и благодарение на MTV тој се прослави на чело на Total Request Live, прво во пар со Џорџија Сурина, а потоа сам.

По пет години соработка со каналот, „слета“ на Sky и се приклучи на брендот X Factor реализирајќи десет изданија. Од 2014 година тој е и на чело на доцните вечерни ток-шоуа.

instagram

Потоа, Кателан премина во телевизијата Раи 1 во 2021 година, каде што му е доверено шоуто Да Гранде во сабота навечер, кое се емитуваше минатата есен.

Во животот како водителот не е само телевизијата. Кателан е и радио водител, пејач, писател и фудбалер. Впрочем, тој имаше кратка фудбалска кариера во аматерските натпревари.

Во 2018 година тој исто така играше во прелиминарната фаза на Лигата на шампионите во редовите на клубот од Сан Марино „Ла Фиорита“, против „Линколн Ред Импс“, тим од Гибралтар.

– Чест е што сум повикан да ја водам Евровизија 2022, тоа е едно од најследените и најпознатите шоуа во светот и оваа година неговото одржување во Италија претставува голема можност и историски настан за нашата земја (Италија, нз.).Лаура Паузини и Мика ги познавам веќе некое време, веќе соработувавме и секогаш сме се забавувале многу. И сигурен сум дека така ќе биде и овој пат, вели Кателан.

 

Слични објави

(Фото) Најпознатата „очајна домаќинка“ ја покажа совршената фигура: Ева Лонгорија празниците ги поминува во минијатурно бикини

Еспресо

(Фото) Каде ѝ е долната облека? Теа Таировиќ во провокативен стајлинг ги „запали“ социјалните мрежи

Еспресо

„Сè се случи дома…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ проговори за незгодата, откри зошто ѝ било затворено окото

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита“: Прослава во домот на Ѓоле Ѓогани, Весна ја објави радосната вест

Еспресо

(Видео) Исплива видео од Лепа Брена откако ја скрши ногата: Пејачката на подот прави неверојатни вежби!

Еспресо

На Дара Бубамара на настап во Хрватска ѝ подариле сперма од лосос: „Најдоброто нешто што некогаш сум го добила“

Еспресо
Се вчитува....