-0.2 C
Скопје
18:44 - 22 декември, 2024

Еве како Џони Деп го доби судењето во САД и ја победи Херд, а за сличен случај загуби во Англија

Во 2020 година, актерот загуби многу сличен спор во Англија против „Сан“ кој го нарече „тепач на сопругата“. Во тој случај, судијата заклучи дека голем дел од злоставувањата што ги раскажа Херд се вистинити. Што се смени во САД?

Џони Деп и неговите адвокати импресионираа многу правни експерти со тоа што го добија американскиот судски процес за клевета против поранешната сопруга на актерот, Амбер Херд. Деп, всушност, веќе изгубил многу слична тужба, поднесена во Англија.

По 23 дена сведочење и околу три дена минати во совети, поротата донесе одлука во корист на сите три обвиненија на Деп против Херд, потврдувајќи ја тезата дека таа лажно и доброволно го обвинила за семејна злоупотреба, со намера да му наштети на неговиот углед.

Во 2020 година, Деп го загуби случајот за клевета во Велика Британија против Сан, британски таблоид, кој го нарече „тепач на сопругата“. Во тој случај, судијата заклучи дека голем дел од семејната злоупотреба што ја пријавила Херд всушност се случила. Затоа победата на Деп во САД, каде што е потешко да се докаже клевета на јавна личност, беше изненадување за многу форензички аналитичари.

Традиционално е полесно да се победи случајот за клевета во Велика Британија, бидејќи британскиот систем бара обвинетиот да ја докаже вистинитоста на наводните клеветнички изјави; во Соединетите Држави, од друга страна, токму оние кои ја покренуваат тужбата мора да докажат дека наводните клеветнички изјави се лажни. А за јавна личност тоа е особено тешко, бидејќи мора и да докаже дека оние кои клеветеле, во тој момент биле свесни дека даваат лажни изјави.

Британскиот весник Дејли Мејл праша неколку правни експерти за да ги објаснат клучните разлики помеѓу судењето во САД и Англија, и она што можеби го натежна тегот на  вагата во корист на Деп.

„Поротата е непредвидлива“, објаснува адвокатката Никол Хаф од Лондон. „Случајот Деп против Сан го решаваше судија, а не порота. Многу елементи кои се ефективни за поротниците, едноставно не функционираат на судиите. Да не заборавиме дека повеќето судии претходно биле адвокати, така што стратегиите за судење имаат помала важност за нив”.

Џошуа Ритер, поранешен член на окружото обвинителство во Лос Анџелес, се согласува: „Поротата ги разгледува случаите со многу поздрав разум. Херд сведочеше на толку драматичен и емотивен начин, а поротниците користеа здрав разум да кажат: „Мислиме дека не сте искрени со нас“. Според Ритер, ако поротниците мислеле дека Херд лаже за некои изјави, тие верувале дека таа можеби лаже и за другите изјави. „Херд не можеше да донесе никаков доказ за да ја поткрепи својата приказна, па поротата помисли: „Во најдобар случај преувеличува, а во најлош случај лаже“.

Во американскиот случај, адвокатите на Деп ја користеа стратегијата ДАРВО, акроним за негирање, напад и враќање на жртвата и сторителот, трансформирајќи го Деп од наводен агресор во жртва. „Тимот на Деп направи маестрална работа на сите фронтови на тој вид стратегија“, објасни Ритер.

Ритер заклучи и дека „Деп бил многу подобар од Херд во претставувањето на себе како некој што бил злоставуван, дури иако тој не беше вклучен во судењето како жртва“.

Лондонската адвокатка Никол Хаф пак, додаде: „Во случајот со Соединетите Држави, тимот на Деп всушност го доведе во прашање кредибилитетот на Херд. Ова е важно затоа што адвокатите на Деп мораа да ја убедат поротата дека изјавите на Херд од 2018 година биле свесно лажни или биле дадени со несовесно непочитување на вистината. Законски, ова е тешка задача. Тие го направија тоа напаѓајќи го кредибилитетот на Херд, особено во однос на Деп. Тие покажаа дека односот меѓу двајцата е многу нефункционален. Адвокатите на Деп, исто така, ја претставија вешто Херд како насилник и Деп како добро момче и жртва на злоупотреба“.

Хаф, исто така, верува дека сведочењето на Кејт Мос, која беше повикана да сведочи изненадено во последен момент и која ги негираше гласините објавени од Херд дека Деп еднаш ја турнал по скалите, било од огромна помош за Деп, односно за конечната одлука на поротата во полза на глумецот.

Најпосле, експертите веруваат дека и медиумскиот циркус околу судењето одиграл улога во пресудата и покрај тоа што на поротата ѝ било забрането да го следи случајот или да спроведе сопствено истражување. Сепак, присуството на медиумите во судот и публицитетот околу судењето не можеше, а да немаше влијание врз нивната одлука.

„Со оглед на должината на ова судење и огромниот публицитет што го доби, тешко е да се замисли дека сите поротници ги почитувале упатствата на судијата“, рече Хаф.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....