11.8 C
Скопје
19:22 - 3 март, 2026

Еве каде последен пат е виден Бака Прасе: Откако сѐ прокоцкал, од јутјуберот ниту траг ни глас

Контроверзниот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, не знае како да се ослободи од долгови. Имено, тој загубил огромна сума на пари на коцка, а рано утринава преку стори на социјалната мрежа Инстаграм повторно им се обрати на своите фанови за да им каже дека не знае што да прави.

-Изгубив многу пари и влегов во многу долгови, немам каде да заработам и не можам да се вратам додека не решам сѐ. Испаднав многу глупав, сѐ зафркнав… – накратко рекол јутјуберот, а после тоа не се огласил.

Како што дознава „Република.рс“, овој контроверзен јутјубер последен пат бил виден на суд, а фотографиите можете да ги погледнете тука. Богдан Илиќ ака Бака Прасе е чест „гостин“ на рочиштата, па бил забележан пред една од собите, каде имал судење.

Инаку, многумина забележаа дека во целата драма што се случува околу јутјуберот, на социјалните мрежи ја нема неговата девојка Ања Бла, која вообичаено е многу активна, но ништо не објавува со денови.

Во екот на скандалот околу наводните долгови на Богдан, Ања се огласи и откри дека минува низ тежок период, поради што решила да се повелече одредено време, но дека сега е подготвена да ги сподели деталите од својот живот со публиката повторно.

– Добив многу пораки бидејќи со денови сум толку неактивна, ми беше малку тешко, па се повлеков на неколку дена, но сега сум тука – напишала Ања заедно со видеото што ги сподели на нејзиниот официјален профил на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Ноне гордо го покажа деколтето, животот на брод ѝ годи

Еспресо

(Фото) „Помогнете ми“: Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ откри дека си има мака со член на семејството

Еспресо

(Фото) Лора го носи презиметои на мајка си, Турунџиева: Сузана сподели приказна за ќерката со посебен повод

Еспресо

(Фото) „Летот е откажан, до понатамошно известување сме тука и се молиме“: Познатиот Србин се огласи од Дубаи

apostolova

(Видео) Јелена Карлеуша го нападна Јаков Јозиновиќ: Тоа е „будалаштина“ и шизофренија

Еспресо

(Фото) Спасен Силјановски на одмор, ужива во убав спа центар со семејството

Еспресо
Се вчитува....