-0.2 C
Скопје
21:55 - 25 ноември, 2024

Есента наближува – поддржете го имунитетот со пробиотик

Прв на листата сојузници за здрав стомак е пробиотикот, а поради неговата моќ да влијае на подигање на имунитетот последните години стана незаменлив дел од домашната аптека во домот. Нутриционистите и експертите за храна се едногласни дека со крајот на летото, односно во пресрет на есента секој треба да го зголеми внесот на пробиотици, кои може да бидат во самата храна, но и како додатоци во исхраната. Комбинацијата од двата извори на пробиотици дава и најдобри резултати затоа што стресот и брзиот начин на живот, како и брзата и пржена храна ги намалуваат добрите бактерии во стомакот.

На лето вообичаено се впуштаме полесно во лоши навики за исхрана, си дозволуваме задоволства кои веќе на есен влијаат на способноста на телото да одолее на настинките и вирусите. Промената на годишното време силно влијае и врз цревата бидејќи се менува и храната што ја внесувате, односно се адаптирате на есенската храна. На општата состојба влијае и промената на надворешната температура и сето тоа е стрес за телото. Грижата за цревната флора со внесување на пробиотик, преку храната и како додаток во исхраната ќе ви помогне промената на сезоната да не остави траги врз здравјето.

Возобновување на сега веќе нарушениот баланс во цревата не треба да се одложува затоа што пробиотикот спречува размножување на „лоши“ бактерии во стомакот и со тоа ја подобруваат општата добросостојба на  целиот организам.

Клучот на успехот е комбо на пробиотици

Храната богата со пробиотици е клуч на здравата исхрана во есенските месеци. А тоа практично значи да заборавите на пржената храна, како и на индустриски преработената храна и да почнете да јадете сирова или варена храна. За подобар успех на исхраната се додава и додаток во исхраната каде пробиотикот е присутен во посакуваните количини.

Производителите на пробиотици комбинираат повеќе соеви на добри бактерии, а во некои случаи таа комбинација е дополнета и со пребиотик. Како што е на пример линијата Флонивин на фармацевтската компанија Галеника. Според потребите купувачот може да одбере од четири различни производи на пробиотик, а кои во зависност од составот може да се користат за деца или возрасни. Составот е прилагоден според намената на производот и може да содржи од следниве добри бактерии Saccharomyces boulardii, Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium lactis, Bifidobacterium bifidum, Lactobacillus rhamnosus, и Bifidobacterium longum. Карактеристично за овие соеви бактерии е дека поседуваат GRAS  (Generally Recognized as Safe) ознака што значи „општо призната како безбедна“  и ја дава Управата за храна и лекови на Соединетите држави (FDA) на состојки или производи кои се безбедни за користење за човекот.

Со зголемување на бројот на здравите бактерии во цревата пробиотикот помага за:

– третирање на акутна дијареја предизвикана од вируси или бактерии

– дијареја при патувања

– се користи два до три часа по употреба на антибиотик

– ја регулира PH вредноста во желудникот,

– помага за смирување на нервозни црева и за регулирање на столицата,

– помага во варењето на храната,

– го зајакнува имунитетот.

Пробиотикот е СОС за стомакот кога се пие антибиотик

Научно е докажано дека здравата цревна флора влијае на имунолошкиот одговор на телото кога ќе се сретне со вирус или ќе се појави настинка. Дали во цревата преовладуваат добрите или лошите бактерии ја менува пропустливоста на цревата за вируси, може да доведе до  појава на дијареја, како и да го смени варењето на храната и искористување на хранливите состојки.

Антибиотикот помага за лекување на настинки предизвикани од бактерии, но кога ги уништува лошите страдаат и добрите бактерии.  Од таа причина се препорачува користење на пробиотик, како што се и производите од линијата Флонивин, чиј пробиотикот го спречува множењето на патогените бактерии во цревата и ја подобруваат колонизацијата на цревата со корисните пробиотски бактерии. Производите кои може да ги најдете во нашите аптеки во составот имаат и пребиотик, кој во стомакот го помага развојот и множењето на добрите бактерии од пробиотикот.

Фармацевтската компанија Галеника е еден од големите регионални производители кои последните години инвестираат во проширување на портфолиото со висококвалитетни производи. Традиционално присутна на македонскиот пазар Галеника ужива и голема  доверба кај потрошувачите.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Видео) Сања Кужет како девојче! Водителката ја покажа совршената линија по третото породување

Еспресо

„Доаѓам од кралско семејство“: Диди Џеј откри непознати детали за своето аристократско потекло

Еспресо

(Фото) Луксуз од половина милион евра: Ѕирнете во вилата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Еспресо

Сања Маринковиќ добила секс-играчка за 50. роденден! Личноста што ѝ ја дала се вклучила во емисија во живо: „Дали ја користеше?“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете каде израснала Тања Савиќ: Куќата на пејачката во родното село е непрепознатлива

Еспресо

(Видео) Луна Ѓогани ги засени сите на модната писта: Сакав да бидам манекенка, но животот ме однесе на друго место

Еспресо
Се вчитува....