18.8 C
Скопје
17:59 - 12 септември, 2026

Ердоган го уапси лидерот на ИСИС: Судбината на НАТО и на Западот му се во рака; се зголемува преговорачката моќ на Турција

Лидерот на Турција рече „не“ за влезот на Шведска и Финска, но реално се занимава со САД. А по преземањето на џихадистот се зголемува неговата преговарачка моќ. 

Апсењето на новиот лидер на ИСИС му дава на Ердоган поголема преговарачка моќ со НАТО, САД и Западот. Судбината на Западот и на НАТО е во рацете на Турција. Можеби изгледа како претерување, но можеби и не е. „Не“-то на Анкара за влез на Шведска и Финска во Атлантската алијанса има не само формални и организациски последици, туку и симболични и практични. Не за Хелсинки и Стокхолм би било сензационална помош за Владимир Путин, но и за Кина која оддалеку набљудува што се случува во Украина, пишува политичкиот сајт „афарииталијани“.

„Не“-то на Реџеп Таип Ердоган за влезот во НАТО на двете скандинавски земји има за цел да добие нешто важно од САД и Европа во замена. Како што веќе се случи за време на мигрантската криза во 2016 година, кога доби огромна сума од Брисел за да ги држи своите граници под контрола.

Во прашање е апсењето на новиот лидер на ИСИС, Абу Хасан ал Хашими ал Курајши со операцијата што се случи во Истанбул, а овозможена со работата на тајните служби на Анкара. Веста ја објави турската телевизија OdaTv, според која операцијата се одвивала во голема тајност, што довело до апсење на „водечкиот експонент“ на Исламската држава чиј идентитет подоцна го откри агенцијата Блумберг по потврдата добиена од официјални претставници на Анкара. .

Не случајно самиот Ердоган ќе се обрати до јавноста за да даде подетални информации за операцијата во наредните денови, со оглед на тоа што е сериозен удар врз тероризмот што претседателот ќе може да го потврди и на меѓународен и на внатрешен план, а ќе му помогне и за следната изборите во 2023 година кои навистина ќе бидат жешки. Абу Хасан ал Хашими ал Курајши беше наведен како наследник на шефот на ИСИС по смртта на Абу Ибрахим ал Хасими ал Курајши на 3 февруари во северна Сирија, недалеку од турската граница и од каде во ‘октомври во 2019 година беше убиен првиот водач на ИСИС Абу Бакир Ал-Багдади, објавувајќи го основањето на калифатот и исламската држава.

Се чини дека Ердоган ја користи улогата на Турција како посредник во војната во Украина и нејзината способност да стави вето на новите членки на НАТО како можност да изрази низа поплаки и да ги принуди другите нации да дејствуваат против групите кои турската влада ги смета за терористи, вклучително и курдските милитанти.

Заканувајќи се дека ќе го блокира влезот на двете нордиски нации во западниот воен сојуз, турската влада, исто така, сака тие да ја прекинат нивната наводна поддршка за Единиците за заштита на народот, или ЈПГ, милицијата на сириските Курди. ПКК се смета за терористичка организација во Турција, Европа и САД. Од 1984 година тие водат вооружен бунт против турската држава и во конфликтот загинаа десетици илјади луѓе. Турција тврди дека ПКК и ЈПГ се едно исто.

Слични објави

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо
Се вчитува....