15:12 - 15 ноември, 2026

Амбер Херд го завршува сведочењето: „Добивам пораки со смртни закани!“, „Џони да ме остави на мир!“

Еден ден пред крајот на судењето за тужбата што Џони Деп (58) ја покрена против неговата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета, главната хероина на „Аквамен“ пред поротата изјави дека целата оваа кампања против неа иницирана од страна на актерот, ја понижила и направила да се плаши за нејзиниот живот откако секојдневно добива пораки со смртни закани. Амбер затоа бара „Џони да ме остави на мир“.

„Малтретирање и понижување, цела кампања се води против мене која секојдневно одекнува на социјалните мрежи, а сега и пред камерите во судницата. Секој ден морам да ја преживувам траумата. Можеби им е лесно ним да заборават дека сум човечко суштество, човек“, рече Амбер Херд не можејќи да ги воздржи солзите.

За време на сослушувањата, адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез, ѝ кажала на актерката: „Твоите лаги се разоткриени на светот“, и ја испрашувала за луѓето кои се спротивставиле на дел од нејзините верзии.

Холивудската ѕвезда ја тужеше Амбер Херд за клевета пред Окружниот суд Ферфакс поради авторски текст на Вашингтон пост од декември 2018 година во кој актерката се опиша себеси како „јавна личност која претставува семејно насилство“ како жртва на истото. Адвокатите на актерот велат пак, дека написот е клевета за Деп, иако во написот не се споменува неговото име.

Амбер Херд рече дека се надева дека тужбата ќе ѝ овозможи да си го врати гласот, велејќи дека има „право како Американка“ да објави статија во која ќе ги опише нејзините искуства и дека тие се поврзани со националната дебата за семејното насилство. „Џони ми го одзеде гласот. Имам право да ја раскажам мојата приказна“, рече таа.

Актерката увери дека нејзиниот поранешен партнер е опседнат со одмазда откако таа поднела барање за развод и добил забрана да не ѝ се приближува.

Поротата ќе ги каже завршните зборови овој петок, 27 мај 2022 година.

 

Слични објави

Тројна прослава во семејството на Кнез – И тој и ќерка му ќе прават свадба, а ова е третата посебна причина за славење

Еспресо

(Фото) „Камерите се гасат, ама нашата приказна допрва ќе се слушне!“ — заврши снимањето на филмот за Слаткаристика

К.С.

Пред да почне работната недела — пет навики што ќе ви помогнат да седите помалку на работа

К.С.

Сузана Манчиќ крие диплома од Правен факултет: „Татко ми беше новинар, мајка ми сопран, а сите беа зачудени што завршив на естрадата“

Е.А.

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.
Се вчитува....