11:54 - 4 април, 2026

(Фото) Емина Јаховиќ се затегна во лицето: Пејачката искрешира 10.000 евра за естетска операција во Турција

Пејачката Емина Јаховиќ одлучи да го освежи својот изглед со естетска процедура. Емина направи „фејслифтинг“, а разликата е толку забележлива – нејзиното лице изгледа позатегнато, посвежо и подмладено.

Според извор близок до пејачката, процедурата е извршена во реномирана приватна клиника во Истанбул, каде што Емина со години им верува на експерти од областа на естетската медицина.

– Емина долго размислувала за оваа процедура, бидејќи се грижи за својот изглед, но природноста секогаш е на прво место. Не сакала никакви екстремни промени што би ја промениле визуелно, туку дискретно затегнување што би го освежило нејзиното лице. Се одлучила за докажан тим лекари во Истанбул, кои се познати по тоа што работат врвно, но многу суптилно. Платила 10.000 евра за процедурата, а сега изгледа одморено и свежо – открива извор за „Информер“.

Јаховиќ не ги објави овие наводи, но нејзините фотографии што се појавија во последните денови зборуваат погласно од зборовите – кожата на нејзиното лице е видливо позатегната, контурите се поизразени, а целокупниот израз на лицето е подмладен.

Фотографиите од Емина со затегнатото лице може да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....