15:33 - 12 ноември, 2026

Емина Јаховиќ се сели од Турција во Србија: Луксузната вила ја украсила по свој вкус

Емина Јаховиќ реши да се пресели од Турција во Србија, а луксузната вила е подготвена за вселување.

Како што дознава српски „Курир“ од извор близок до пејачката, поп-ѕвездата одлучила отсега најголем дел од времето да го поминува во својата нова вила во Нови Пазар, во која ќе се пресели од Истанбул, а која е речиси целосно завршена.

Емина долго размислуваше за оваа одлука, па одлучи дека ова е најдоброто решение за неа и нејзината музичка кариера, која ќе ѝ биде приоритет во наредниот период.

„Новата вила на Емина во Нови Пазар, која ја изгради за своите синови и за себе по разводот со Мустафа Сандал, е еден од најубавите имоти во тој дел на Србија. Речиси е идентична со оние што ги гледаме во турските серии. Вреди неколку милиони, го изградила целосно по нејзин вкус и ги ангажирала најдобрите српски и турски архитекти за да изгледа како што таа замислила. Таа сфатила дека за неа би било најдобро да ја има својата база токму таму, во родниот град. Нејзината цел е да се врати на врвот на топ листите со нови песни, па оттаму ќе ѝ биде полесно отколку да патува од Истанбул.

„Таа овде во Србија најде одличен ортопед, кој ќе ѝ помогне во рехабилитацијата, со оглед на тоа што неодамна имаше големи проблеми со повреди на тетивата и менискусот“, вели изворот.

„Сега доаѓа внатрешното уредување на домот, Емина ќе го избере најдобриот можен мебел што може да се најде на пазарот, во оваа куќа ќе има сѐ што ѝ треба, но секако тоа не значи дека нема да се врати во Турција. Ќе живее на две адреси, можеби е најдобро да се каже дека и нејзиниот дом е во Турција, таму ѝ се децата, а речиси сигурно е дека Јавуз и Јаман ќе дојдат во Србија, која ја обожаваат“, заклучува изворот.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....