16:28 - 13 ноември, 2026

Едногласно доделена награда: Актерот Јордан Симонов е лауреат на 31. Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во состав: Дарја Ризова, претседател, Мими Таневска и Иван Додовски, членови, едногласно ја доделија престижната награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“ на актерот Јордан Симонов за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје.
Како што истакна жири-комисијата, Јордан Симонов, со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината.
Уште еден во низата на актери од ансамблот на Македонскиот народен театар ја пишува историјата на овој престижен фестивал.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....