14.8 C
Скопје
09:44 - 12 октомври, 2026

„Имаше залет и скок и директно на рендген“ – Марија Шерифовиќ раскажа што им се случило на летувањето

Српската пејачка Марија Шерифовиќ доживеала вистинска драма на одмор поради палавоста на нејзиниот син Марио Шерифовиќ.

Имено, тие во моментов уживаат крстарејќи по Јадранското Море, а пред Хрватска каде што се наоѓаат сега, беа во Црна Гора.

Таму, Марио поради разните акробации морал да оди во болница, а Марија го откри тоа во својот нов влог.

Пејачката го снимила целиот пат и покажала како го поминале времето прво на црногорскиот брег, а кога пристигнале во Хрватска, открила што се случило.

Малиот Марио скокал по асфалтот, по што во еден момент се повредил и паднал, па морале да побараат помош од лекари.

– Во Рисно завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и скок и директно на рендген. Кој сака, може да честита, но сè е во ред – рекла Марија, која во видеото повторно го опоменувала својот син да не скока и дека ќе се повреди.

Да потсетиме, Шерифовиќ неодамна го сними својот наследник додека вози моторен чамец, а Марио ужива во улогата на капетан.

Потоа објави нивна заедничка фотографија со емотивна порака.

– Јас не знам дали животот може да биде поубав… не знам ни што друго би можела да посакам.

Објавата за кратко време собра голем број „лајкови“ и коментари, а следбениците ѝ порачаа дека зрачи со среќа и дека таа и малиот Марио се глетка што ги топи срцата.

Синот на Марија Шерифовиќ вози чамец, пејачката објави хит-фотографија на Инстаграм

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Слични објави

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо

Нова диплома за Марија Панчева: Ќерката на Маја и Дарко го заврши и вториот факултет

Еспресо

Сузана Манчиќ го продаде станот и откри зошто нејзиниот сопруг спие во хотел: „Кога го виде тоа, донесе одлука“

Еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ ги стопи срцата на сите со видео од дома: Неговиот син го снима и се смее на глас

Еспресо

Чолиќ го испратил возачот пред зградата на српската пејачка! Она што ѝ го дал ќе го памети до крајот на животот

Еспресо
Се вчитува....