10:03 - 13 ноември, 2026

Донела голема одлука! Јована Јеремиќ наскоро ја напушта Србија, добила деловна понуда која не може да ја одбие

Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна најави дека годинава ќе известува во живо од претседателските избори во САД на 5 ноември 2024 година.

Како што откри таа, лета за Њујорк на 3 ноември, веднаш по завршувањето на утринската програма.

– Кога ќе ја завршам утринската програма, на 3 ноември ќе патувам за Америка. Тоа беше мојот најголем сон! Мојата единствена желба за мојот 34-ти роденден беше да патувам во Америка, да ги видам Вашингтон и Њујорк. Тоа ми се остварува. Кампањата ќе ја започнеме од септември, таа наголемо ќе биде проследена на нашата телевизија, бидејќи американските избори не се само американски, туку и светски. Од американските избори зависи судбината на целиот свет – изјавила неодамна водителката, а сега на таа тема се надоврзала и во емисијата „Премиера – викенд специјал“.

– Можеби ќе заминам порано, ќе продолжам да се јавувам, нема да има пауза. Ќе имаме многу работа, не само што ќе известувам, туку ќе правам некои сериозни интервјуа што планирам да ги направам таму. Нека не ве изненади и интервју со Доналд Трамп – додала Јована.

Да потсетиме, Јована нема да оди сама во Америка, туку со неа ќе оди со колега од ТВ Пинк.

– Летам за Њујорк со колега од рубриката за вести. Ќе посетам некои други градови, Вашингтон сигурно, ќе има многу интервјуа, очекувајте го неочекуваното! Ќе бидат мега светски вести, којзнае, можеби ќе се појавам и во некои американски медиуми – истакнала Јеремиќ.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....