-4.2 C
Скопје
03:21 - 23 декември, 2024

Дизајниран познатиот симбол за мир, Мик Џегер со прв самостоен албум и други настани кои ја одбележаа музиката на денешен ден…

На 21 февруари е дизајниран симболот за мир, кој подоцна има големо влијание во музиката, па слободно може да се смета за голем историски момент во музичката индустрија. 

Во продолжение погледнете со кои други музички настани низ историјата се поврзува денешниот ден: 

1958 година – Дизајниран симболот на мирот. Познатиот „Peace symbol“, симбол на мирот, всушност е дизајниран од Англичанецот Гералд Холтон за протестниот марш во Лондон, кој е организиран како дел од антинуклеарното движење, а официјално е претставен на денешен ден во 1958 година. Симболот за мир стана заштитен знак на хипи движењето, кое беше проследено со рок музика во втората половина на шеесеттите и кон почетокот на седумдесеттите години од минатиот век. Овој симбол доминираше и на легендарниот рок фестивал Вудсток во 1969 година. Исто така, изразите како „мир“ и „мир во светот“, во тоа време важеа за вообичаени поздрави помеѓу рок популацијата.

Фото: Инстаграм

1964 година – Три рани британски рок класици се објавени во ист ден, поточно на денешен ден во 1964 година. „The Rolling Stones“ издадоа сингл со песната „Not fade away“, обработка од песна која во 1957 година ја сними Бади Холи, но верзијата на популарните Стонси влезе на листата од 500 најдобри песни на сите времиња и тоа на високото 107 место. Потоа, англиската група „The Hollies“ го објави својот хит „Just one look“, а Били Крамер ја промовираше песната „Little children“.

1976 година – Во Сараево на денешен ден се случи концертната промоција на првиот солистички албум на пејачот на босанската група „Индекси“, Даворин Поповиќ, под наслов „Свака је љубав иста (осим оне праве)“. Даворин, секако, во таа прилика настапи со комплетниот состав на „Индекси“ и во програмата беа вклучени нумери од самостојниот албум на пејачот, како – „У теби се жена раџа“, „Била си ти, била је љубав“, „И пад је лет“, како и сите познати хитови на сараевската група.

1985 година – Мик Џегер го објави првиот самостоен албум „She is the boss“, за чие снимање собра голема екипа на познати музичари, помеѓу кои беа Џеф Бек, Скај Дубнар, Карлос Аломар и други, а од ова издание на светските топ листи се појавија само песните „Just another night“ и „Lucky in love“.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....