11:55 - 7 ноември, 2026

Дизајнерот Видиќ го подарил неговото наследство: Ова се деталите од тестаментот

Кога веќе станал свесен дека му се ближи крајот, Саша Видиќ оставил порака дека се што има остава на хуманитарен фонд од кој ќе се финансираат талентирани идни креатори.

Модниот дизајнер Саша Видиќ, кој почина во понеделникот имал планови да развие бизнис со недвижнини во Италија и да им помогне на младите креатори кои сакаат да студираат во земјата на модата.

Имено, тој сакал таму да купи станови кои ќе ги издава, но и на талентираните млади луѓе од Србија и Балканот да им обезбеди сместување додека студираат.

– Саша оставил писмо во кое целото свое наследство го дава на талентирани млади креатори кои допрва треба да студираат за модната индустрија. Тој многу добро знае колку трнлив му бил патот и секогаш верувал дека талентот мора да се појави на виделина, па сонувал да им помогне на младите полесно да го остварат сонот што го живеел. Пред смртта го продал станот во Нов Белград бидејќи сакал да се пресели во Истра и оттаму да го започне својот бизнис во Италија, каде планирал да купи повеќе имоти, да ги изнајми, а исто така да обезбеди станови за млади луѓе од Србија за аму да студираат  – велат за српските портали извори блиски на покојниот Видиќ, додавајќи:

„За жал ништо од тоа не успеа да реализира, но кога станал свесен дека му се ближи крајот на животот оставил порака дека  се што има остава на хуманитарен фонд од кој ќе се финансираат идните модни дизајнри“.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....