4.8 C
Скопје
18:37 - 21 декември, 2024

(Фото) „Џунгла на цвеќиња“ среде Скопје, а Игор ни открива: „Кога би ви кажал дека имам повеќе од 60 видови цвеќиња, нема да ми верувате!“

Професијата на Игор Качулачки, како што вели, нема никакви допирни точки со тоа што го работел – четири години бил слаткар, а сега веќе 15 години работи како столар. Мајсториите за слаткарството ги научил од мајка си.

– Кога ќе заспиеа брат ми и сестра ми, јас ѝ помагав на мајка ми кога подготвуваше благо во некоја пригода – ни раскажува Игор.

И така, денес овој господин е вешт и со слатките и со столаријата. Но, тоа не е сè. Игор е „тата-мата“ и за дворско уредување, судејќи според неговиот преубав двор во скопската населба Козле.

А не е ни чудо, зашто повеќе од половина од својот живот активно се занимава со одгледување цвеќиња, односно цели 26 години.

Ни открива дека порано за уредување на дворот се грижеле главно неговите родители, но сега одговорноста е негова заедно со сопругата и братот на Игор, кој подеднакво многу ги сакаат цвеќињата, но не се дотолку посветени и упатени како нашиот соговорник.

Дворот има 50 квадратни метри, но сепак, доволно за цело цветно кнежевтсво. А принцот на кнежевството, сепак, своето дворче си го вика џунгла на цвеќиња зашто нема распоред како, што и кое каде да стои во неговиот – како што вели – рај за одмор после работа.

– Кога би ви кажал дека имам повеќе од 60 видови цвеќиња, нема да ми верувате – ни нагласува.

Секако дека му веруваме. А ќе се уверите и вие, со еден поглед на нашата фотогалерија.

Прва фотографија која паѓа в очи е онаа (во овој напис насловната фотографија) каде во катчето со дрвена маса, клупа и столици, Игор го пие своето утринско кафе во друштво на своите миленици – трите кученца, а околу нив пак, има уште дузина миленички – преубави цвеќиња. Цела мала природа речиси во центарот на Скопје.

Дворот си бара секојдневно внимание, а Игор ни открива – „ретко кога можам, а да не им посветам време, најмалку што можам е два часа дневно, секојдневно има нешто што мора да направите…“

Кое цвеќе најмногу го сака?

Ни одговара дека е тешко да се каже и дека сите ги сака. Но најголема опсесија и љубов од лани му се бугенвилиите, кои за Игор се нешто ново и непознато, па затоа многу ги сака. Оттука и најголем предизвик поврзан со дворот е да откие и дознае нешто ново за нив.

Стигнуваме до градинарскиот совет што го споделуваме за оние кои сакаат допрва да почнат со одгледување и нега на цвеќе.

– Би им препорачал да почнат со цвеќиња што немаат потреба од голема грижа, како чувар на куќа, црвена детелника, седумот кој не мрзне а наесен има убав цвет и уште многу други за кои можат барем во денешно време да најдат повеќе информации на Интернет – советува Игор.

Инаку, Игор е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од „џунглата на цвеќињата“.

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Живописен двор во живописно село: Весна Гогова ни ги отвори вратите на семејното цветно царство

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо
Се вчитува....