3.8 C
Скопје
04:54 - 21 декември, 2024

Џони Деп веќе победи според поротата на Тик Ток

Судењето на холивудската ѕвезда за ужаси (и чуда) против поранешната сопруга Амбер Херд предизвика повеќе социјални интеракции и онлајн пребарувања отколку одлуката на Врховниот суд за абортусот во САД и војната во Украина. 

Започнато на 12 април минатата година, судењето за клевета на Џони Деп против поранешната сопруга Амбер Херд нуди различни ужаси и чуда секој ден, во зависност од тоа колку верувате во валканите алишта што парот одлучил да ги пере преку јавна расправија додека светот се забавува.

Предавства, сцени, турбулентни патувања, скршени шишиња, крв испишана на ѕидовите, ленти со кокаин на масата…Во Америка, каде што сето тоа се одвива во судница во Ферфакс, Вирџинија, аферата Деп против Херд брзо привлекува повеќе внимание на интернет отколку некои од најважните и итни вести во земјата, како што е објавената одлука на Врховниот суд за абортус, Русија и војната во Украина, галопирачката инфлација.

Според податоците на NewsWhip, во периодот од 4 до 16 мај, написите за судењето генерирале повеќе вкупни интеракции во форма на лајкови, коментари, споделувања на социјалните мрежи отколку дебатите за абортусот, Врховниот суд и инфлацијата. Бројот на пребарувања на Google за Амбер Херд е двојно поголем од оној на Илон Маск во изминатиот месец, според податоците на Google Trends. Имало речиси четири пати повеќе пребарувања за нејзиното име отколку за абортусот или Врховниот суд. И не само тоа, забавните страници и весниците го третираат настанот како да е Супер Боул. Рејчел Стокман, претседателка на мрежата Law & Crime која пренесува сè во живо, рече дека забележуваат рекордни бројки – просечната дневна публика на нивната апликација е 50 пати поголема од порано. Преведено во бројки, тоа значи дека само на YouTube каналот Law & Crime, околу милион гледачи се најавуваат за да го гледаат судењето секој ден. Според податоците на SimilarWeb, некои од најголемите страници за забавни вести во светот забележуваат огромен пораст на посетеноста. Сајтовите People, Us и New York Post сите пријавија зголемување на посетеноста за април од 9%, 16% и 22%, соодветно.

Сето ова беше можно, секако, бидејќи судењето е пред се јавно, благодарение на камерите во судницата кои го снимаат секој момент. Второ, затоа што голем дел од она што се случува во таа сдуница се претвора во клипови а потоа се релансираат стотици илјади пати. „Мемето“ на расплаканото лице на Амбер Херд, на пример, е меѓу најгледаните на TikTok. Истото важи и за другите моменти: белешките што Џони Деп ѝ ги пренесува на својата адвокатка, неговите насмевки под мустаќи, шепотените коментари, но и Амбер – превртувајќи ги очите… Дури и изразите на судијата станаа материјал за клипови. Веќе неколку дена има нов вирален клип: прегратката што шармантната адвокатка на Деп, Камил Васкез, ја размени со својот клиент по завршувањето на сослушувањето на Амбер Херд, овие клипови пак, предизвикаа сомнеж дека таа и Деп се во врска… Претпоставките на интернет изобилуваат, а убавата Васкез веќе може да се пофали со бројни фанови од милиони обожаватели (клипот од прегратката е прегледан над 500 милиони пати).

Сепак, огромното мнозинство од виралните содржини ја исмеваат Херд и се дефинитивно про-Деп – само споредете ги хаштазите: #justiceforjohnnydepp кој има над 10 милијарди прегледи, додека #justiceforamberheard има 39 милиони.

Па така, пред судот и поротата конечно да решат, казната е веќе пристигната: Џони Деп победи. Амбер Херд загуби. Така, судот на TikTok одлучи и не е важно дали доказите од судењето не се совпаѓаат со мемињата.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....