05:21 - 12 март, 2026

(ВИДЕО) Џејсон Момоа ги разбесни Италијанците со фотографија од Сикстинската капела, па мораше да се извини

Ѕвездата на „Аквамен“, актерот Џејсон Момоа престојувал во Италија на снимањето на филмот „Fast X“, десеттиот дел од филмската сага „Fast and Furious“, а минатата недела на Инстаграм објави фотографии од Сикстинската капела.

На 9 мај, актерот објави фотографија во прекрасната капела со фрески на Микеланџело кои ги красат нејзините ѕидови и тавани. Под неа напиша: „Те сакам Италија, каков убав почеток на слободен ден во Рим“. Но, незадоволните обожаватели набрзо го потсетија во коментарите дека посетителите не смеат да фотографираат или да снимаат видеа во Сикстинската капела.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Затоа Момоа во саботата објави видео со извинување.

„Ова е мојот последен ден во Рим и едноставно ве сакам вас и Италија. Ако мислевте дека не ја ценам вашата култура, верувајте ми тоа не беше мојата намера“.

Тој исто така рече дека првпат ги посетил Ватикан и Сикстинската капела кога имал 19 или 20 години. Додаде дека слободните денови во Рим решил да ги помине во обиколка на градот и посета на Сикстинската капела во приватен аранжман, а и донирал одредена сума пари за црквата.

Објасни дека по неговото пристигнување во капелата, обожавателите сакале да се сликаат со него, на што тој се согласил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

„Побарав дозвола, сметајќи дека е правилно. Никогаш не би направил нешто за да покажам непочитување кон нечија култура. Се извинувам ако го сторив тоа. Тоа не беше моја намера“, рече тој.

Неговото видео има повеќе 3,5 милиони прегледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....