10.8 C
Скопје
21:58 - 3 април, 2026

Денес е голем празник Педесетница: Што (не)треба да правите на Денот посветен на слегување на Светиот дух врз апостолите

Празникот се слави во различни периоди – седум недели по Велигден.

Во 2023 година, православните христијани ја слават Педесетница на 4-ти јуни. Празникот го симболизира тројството Божјо и слегувањето на Светиот Дух на земјата.

Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово.

Како да се слави Педесетница, кои знаци се поврзани со овој празник и што не треба да се прави?

Вообичаено е да се оди утрото на литургија во црква, по што се организира свечен ручек/ вечера. Посета на најблиските, симболични подароци, како и печење традиционален леб се добредојдени. За празнична декорација во храмовите се користат гранки и цвеќиња од бреза, подот може да биде покриен со свежо исечена трева.

Во пресрет на Духовден, на 3 јуни, вообичаено е да се посетуваат гробовите. Но, не се препорачува посета на гробиштата на самиот Духовден, односно денес.

Нема посериозни забрани за Духовден – можете да направите сè што не ѝ штети на душата. Најважно е на овој ден е да отидете во храмот, да се молите и да се причестите.

Не смеете да пцуете, да се лутите, да бидете бесчувствителни и невнимателни кон луѓето, да ги одбивате оние на кои им е потребна помош.

Постојат и народни знаци поврзани со времето на Педесетница. Се верува дека ако ве фати дождот, соништата ќе се остварат. Да се ​​види виножито на овој ден е среќа и богатство. Врнежите на овој ден навестуваат богата жетва на печурки и топло време во лето, додека топлото време укажува на суво лето.

Слични објави

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.
Се вчитува....