19:27 - 5 април, 2026

Деми Ловато е во врска со младата ѕвезда, а Инстаграм е виновникот кој ги откри! (ФОТО)

Американската пејачка и актерка Деми Ловато наводно се гледа со младата и немирна ѕвезда Макс Ерик. Парот е виден како заедно купува намирници пред да бидат воведени мерките за изолација во Лос Анџелес, а изворите велат дека Деми и Макс се тема на неделата.

Се верува дека ѕвездите се запознале „пред неколку недели“, а бидејќи беа приморани да останат дома поради пандемијата од коронавирусот, разменуваат кокетни пораки на Инстаграм.

Макс сподели црно-бела фотографија на која ги покажува своите стомачни мускули додека позира. Тој напиша „кога ќе сфатите дека сте требале да спакувате повеќе за вашиот престој во карантинот…“, а пејачката на тоа во коментар врати дека се согласува.

Макс исто така сподели снимка каде пее песна од групата „Coldplay“. Во вториот клип ја пее песната „Let Me Love Уou“. Нема дилема на колго ја посветил песната, бидејќи Деми повторно коментираше и остави емотикони со солзи и срце.

View this post on Instagram

to my <3

A post shared by MaxEhrich (@maxehrich) on

Гласините за новата романса на Деми, доаѓаат 3 месеци откако раскина со Остин Вилсон. Тие раскинаа во декември, само месец дена откако врската ја објавија на Инстаграм.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....