04:31 - 10 јануари, 2026

Дарко Лазиќ шокираше со признанието за Катарина: 14 години се гледале, додека биле во одвоени бракови

Дарко Лазиќ гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, заедно со неговата сопруга Катарина со која се ожени пред неколку недели.

Познато е дека едно време, пред повеќе години, Дарко и Ктарина беа заедно, а неодамна ја обновија емотивната врска и застанаа на „лудиот камен“. На прашањето како ја освоил, Катарина рече:

– Паднав на неговиот шарм пред четиринаесет години, па сега не му требаше многу. Ми требаше една порака – рече Каќа и додаде:

– Се запознавме тоа лето кога победи во „Ѕвездите на Гранд“ во 2009 година. Исчезна бидејќи не бил подготвен на нешто сериозно, но се врати на местото на злосторството (се смее).

Дарко имаше два брака пред неа, а Катарина еден. Сепак, тие постојано се гледале!

– Никој не го знае тоа, прв пат ќе го кажам. Таа имаше дечко после нашето раскинување, јас имав девојка, но секогаш кога имав пауза и кога бев слободен, а и таа, ние сите тие 14 години се гледавме. Сите 14 години секогаш се гледавме затоа што секогаш бевме заљубени, секогаш се почитувавме и на крајот тоа мораше да се случи! Ова е мојата прва љубов од која некако побегнав бидејќи не бев подготвен, но секогаш знаев – ако некогаш сакам да се омажам, всушност, дека тоа ќе биде таа – објасни пејачот.

Го обновиле контактот кофа Дарко ѝ испратил смајли, а потоа објасни:

„Бев на аеродром во Цирих, околу 8 имав лети и се случи да не сум пијан, да сум трезен на аеродром. Размислувам, до кога веќе тие силни жени…Реков, ајде да се обидам неа да ја најдам. Знам дека е мажена, ама не знам кое ѝ е презимето. Влегувам кај нејзината сестра на Инстаграм, ја гледам неа и ѝ испраќам срце на „стори“, таа одговара, па веднаш ѝ звонам и зборуваме, зборуваме. Ја прашав – дали си ти среќна? Па, сум, ми одговори. – Не си штом зборувам со мене и ѝ спуштив слушалка. И така тргна се, знаев дека е моја.“.

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....