10:56 - 2 април, 2026

Дарко Лазиќ конечно се огласи дека бил ставен во гепек во Виена: Пејачот проговори за лихварите…

Пред неколку дена, српски „Курир“ ја објави веста дека фолкерот Дарко Лазиќ неодамна бил ставен во гепек во автомобил во Виена од страна на лихвари на кои им должи пари. Оваа непријатна ситуација се случила додека Лазиќ пеел на прослава, а како што реко изворот за „Курир“ кој бил на местото на настанот, настапот на фолкер бил прекинат кога неколку лихвари влегле во салата каде што се одржувала влашка прослава. Во таа пригода, неколку мажи насилно го изнеле Лазиќ на половина од неговиот настап, пред очите на шокираните гости.

– Ова беше една од најголемите влашки прослави во Виена. Пееја неколку пејачи, а главна ѕвезда беше Дарко Лазиќ. Газдата му плати однапред и за четири часа пеење пејачот зеде 14.000 евра. Сè одеше добро до половина од неговиот настап, кога одеднаш некои мажи упаднаа во салата. Подоцна дознавме дека станува збор за лихвари од кои Дарко позајмувал пари со камата и не ги врати на време. Кога ги виде, Лазиќ пребледе и буквално се замрзна. Му го грабнаа микрофонот од рацете и му рекоа веднаш да појде со нив. Пејачот ги послуша и тргна без збор, оставајќи ги сите во салата во шок – рекол изворот и продолжил:

– Дарко го ставиле во автомобилот и некаде го однеле. Подоцна дознавме дека го однеле во клуб во Виена да пее, а дека парите од оваа веселба кои не сакал да им ги пријави, веднаш му ги зеле. Сепак, ова не била единствената мака за Лазиќ, бидејќи проблемот се појавил кога, по неколку дена, овие Власи итно барале од Дарко да ги врати парите што ги зел однапред. Подоцна им се јавил да се извини и им ветил дека ќе пее бесплатно на следната забава што ќе ја имаат, но дека нема да ги врати парите бидејќи морал да даде сè за да ги врати долговите. Така некако го решиле тој проблем – заклучува соговорникот за „Курир“.

Лазиќ досега не се огласуваше на таа тема, но ниту демантираше. Сега се појавил на аеродромот кога се враќал од настап, па накратко ја прокоментирал оваа приказна за медиумите. Дал кратка изјава преку насмевка.

Додека одел кон возилото што го чекало на паркингот, Лазиќ се пошегувал на своја сметка, поради шпекулациите дека им должи голема сума на лихвари.

– Сега ќе ме стават во гепек. Ме чекаат лихварите – рекол Лазиќ со насмевка за српски „Блиц“.

 

Слични објави

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо
Се вчитува....