2.8 C
Скопје
02:39 - 15 март, 2026

Црна Гора избира нов претставник: „Неоноен“ се повлече од Евровизија

Седум дена по фестивалот и бројните полемики во јавноста за легитимноста на учеството на групата „Неоноен“ на Евровизија во Базел следната година, бендот ја објави својата одлука.

Во соопштението на „Неоноен“ се наведува дека РТЦГ (RTCG) согласно прописите ќе избере друг претставник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NeonoeN (@neonoen_official)

„Во најдобар јавен интерес, со желба да ставиме крај на неизвесноста и уште еднаш да придонесеме за музиката за која сме тука на прво место, ве известуваме дека доброволно се повлекуваме од учеството на Евровизија. Според прописите, РТЦГ ќе избере друг претставник, а ние први ќе му посакаме среќа и ќе му дадеме целосна поддршка“, напишаа тие на својот профил.

Од РТЦГ наведуваат дека Црногорскиот јавен сервис во наредните денови ќе донесе одлука за новиот претставник на Црна Гора на претстојниот Избор за песна на Евровизија.

Изјавата на бендот дојде откако РТЦГ и Здружението на поп-уметници и изведувачи на Црна Гора, кои заеднички го организираа Монтесонг 2024, ја потврдија автентичноста на видеото што неодамна се појави на платформата Икс, а на кое бендот „Неоноен“, ја изведува првопласираната песна „Clickbait“ во поинаква верзија на минатогодишниот фестивал на културата Забјело во Подгорица.

Натпреварот во Монтесонг е отворен само за нови композиции на забавна и популарна музика кои не биле објавени и изведени во целина или во делови пред 1 септември 2024 година.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....