10.8 C
Скопје
20:16 - 24 март, 2026

Цеца на концертот за 8 Март ги повика швалерите во Аранѓеловац: „Мажи, да ве слушнам…“

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ на Денот на жената, 8 март, ја продолжи турнејата и одржа спектакуларен концерт во Аранѓеловац пред преполната спортска сала.

Своите хитови ги отпеа заедно со 2.000 луѓе, меѓу кои и „Цветак зановетак“, песна која не ја изведувала на концерти точно 30 години.

Концертот бил многу динамичен, но и емотивен, а таа неколкупати го прекинувала.

Цеца во еден момент ги прозвала мажите од Аранѓеловац, на шега нарекувајќи ги „швалери“.

– Ало момчиња, многу сме добри… жените се смеат, а вие молчите, нели? Па има ли тука швалери, да ве слушнам? Девојки, дали има тука швалери, да ве слушнам? Во име на… – извикала Цеца, а потоа оркестарот засвирал, а таа ја извела една од своите најпознати песни „Пази с киме спаваш“.

Цеца со громогласни звуци и скандирања од публиката, ги извела некои од своите најголеми хитови, а публиката, особено жените, ги пеела стиховите.

Цеца блеснала во светкав и гламурозен стајлинг од штрас составен од панталони и палто, а одоздола носела корсет кој го истакнал нејзиното деколте.

 

Слични објави

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо

Како Борис Дворник ја измамил сопругата за да се заљуби во него

Еспресо

Ана Радуловиќ се разболела по разводот, има неколку дијагнози: „Пијам лекови наутро и навечер“

Еспресо

(Видео) „Можеби оваа тага ќе престане“: Пејачката објави емотивно видео од Зорица Брунцлик, се моли за нејзиното здравје

Еспресо
Се вчитува....