0.8 C
Скопје
12:06 - 18 јануари, 2025

Цеца, Чола, Лукас, Прија веќе закажаа тезги за Нова година: Ќе се шокирате кој земал најмногу пари!

Ќе се изненадите кога ќе видите кој земал најмногу пари за настапот за Нова 2024 година, очигледно е дека на сите хонорарите баш им се зголемиле!

Иако ни се чини дека дочекот на Новата година е сè уште далеку, српските естрадни ѕвезди веќе  наголемо закажале настапи, а од сумите ќе ви се сврти во главата!

Верувале или не, најплатен меѓу нив ќе биде Здравко Чолиќ, кој за настапот во најлудата ноќ во Дубровник ќе заработи дури 130.000 евра!, пишува српски „Курир“.

– Некои новогодишни настапи се закажани дури една година однапред и некои пејачи веќе добија аванс. Здравко Чолиќ точно пред една година го закажа концертот во Дубровник, каде за три часа пеење ќе добие 130.000 евра! Нема грешка со него, сигурно ќе има многу, затоа што го обожаваат сите, и млади и стари – вели менаџерот за „Информер“, кој инсистира да остане анонимен и додава дека Аца Лукас и Цеца Ражнатовиќ ќе добијат по 100.000 евра за новогодишната ноќ:

– Аца Лукас одлучи да пее во Белград затоа што сака да ја дочека Новата 2024 година со своите пријатели, додека неговата колешка Цеца ќе пее на Копаоник. Неа сите сакаа да ја ангажираат, чест на оние кои успеаја да закажат нејзин настап!

– Брена побара од менаџерот да пее некаде каде што е топло, па ќе настапи во Бар за 80.000 евра – вели менаџерот и додава дека Дара Бубамара ќе заработи 20.000 евра помалку:

– Иако оваа година ја крена цената, организаторите од Америка веднаш се согласија да ѝ дадат 60.000 евра за настапот во Чикаго. Дара оди во Америка на две недели, каде што ќе има турнеја, а новогодишната ноќ ќе ја дочека во Чикаго. Таму ја обожаваат, па сигурно е дека ќе го наполни клубот.

Како и секоја година, најмногу пејачи ќе настапат во Белград.

– Белград е епицентарот на забавите, па најдобрата понуда ќе биде тука. Слоба Радановиќ ќе пее во хотел за 40.000 евра, а ист хонорар Џани ќе добие за тезга во една сала. Во главниот град ќе пее и Дејан Матиќ и тоа за 30.000 евра – ја завршува приказната менаџерот за „Информер“.

Во моментот најбарана пејачка е снаата на Слободан Боба Живојиновиќ и Лепа Брена – Александра Пријовиќ. Таа го следи трендот со цените, па вредноста на нејзиното појавување во празничната ноќ годинава скокна од 40.000 евра на 50.000. Ќе настапи во главниот град – наведува „Курир“.

Теа Таировиќ договорила тезга во Хрватска за 20.000 евра. Рада Манојловиќ наплаќа 25.000 евра, додека поранешната претставничка на Србија на Евровизија, Сања Вучиќ договорила настап за 15.000.

 

 

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо
Се вчитува....