4.8 C
Скопје
22:13 - 11 март, 2026

Човекот кој го направи Ханибал Лектор, после 13 години напиша нов роман!

Прочуениот автор Томас Харис се врати со романот „Кари Мора“.

После паузата долга 13 години, прочуениот автор Томас Харис напиша нов роман кој го нарече „Кари Мора“, приказна за злото, алчноста и последиците од мрачната опсесија. После 30 милиони продадени примероци од книгата „Кога јагнињата ќе стивнат“, легендарниот писател кој го направи Ханибал Лектор, се враќа со нов и тензичен трилер.

Иако новата книга нема врска со досегашниот серијал за озлогласениот Ханибал Лектор, авторот го задржал својот препознатлив стил на пишување. Елементите на завист, мрачни опсесии и борбата за опстанок кои се преплетуваат со злото, кое е вткаено во секоја страница.

Главната хероина од романот Кари Мора, побегнала од револуцијата во потрага за нов почеток. Во Мајами, наизглед заштитена, работи различни работи за да преживее. Од друга страна, убавиот, но одбележан од војната, немилосрдниот убиец Ханс-Петер Шнајдер заработува за живот така што ги остварува најсуровите и најморбидните фантазии на богатите и моќните.

Предводник е на групата безкурпулозни луѓе кои трагаат по богатство – 25 милиони долари во златни шипки лежат скриени под вилата која некогаш му припаѓала на Пабло Ескобар, колумбијскиот крал на дрогата. Со својата необична и застрашувачка појава Ханс Петер кај луѓето предизвикува гадење и страв, но нему не му е грижа за тоа. Бидејќи, кога ќе го препознаат чудовиштето во него, обично е веќе доцна. Се додека не ја избере Кари Мора, жената која не се плаши да го погледне демонот право во очи.

Американскиот писател Томас Харис најпознат е по романите за Ханибал Лектор. Роден е во 1941 година во Џексон, Тенеси. Дипломирал англиски јазик, а кога се преселил во Њујорк, станал дописник за агенцијата „Associated Press“. Добитник е на многу престижни награди и признанија, а куриозитетот е дека од 1976 година, не дал ниту едно интервју.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....